Јас сум своја кралица и ти кажувам збогум

jas-sum-svoja-kralica-i-ti-kazhuvam-zbogum-01.jpg

Овие денови одлучив да дадам отказно решение.

Отказно решение за моите чекања, бидејќи не чекам повеќе никој и ништо.

Не чекам ничиј повик, не чекам одмор, не чекам порака, ниту одговор од банка, завршив со сите чекања.

Не ме бараш оти ти е мака? И мене ми е, и баш ми е гајле.

Не се коцкај со мене која нема што да изгуби.

И те молам немој да ме бараш повеќе и така го избришав твојот број дека постоиш. Не сакам да се прашуваш како сум? Добро сум, и ќе бидам...

Мислам дека можам, бидејќи на крајот сè е одлука, доаѓа момент кога ќе треснеш на масата и кога ќе кажеш нееееее.

Дали ќе трпиме некој да нè третира со непочитување на договор, неодговарање на мејлови, пораки, поради кои се чувствуваш дека стоиш на чивилук - велеше баба ми, или во некој си бесконечен ред, тоа е до нас!

Мене тоа не ми одговара. Извини. Коj и да си, каде и да си, мојата круна нема да падне, пак сум кралица.

Немаш добро оправдување, немам време - збогум!

Имаш само добар изговор, извини, проблеми сите имаме, но човечки може да ги искомуницираме.

Проклето себичните работи ме нервираат.

Да се даде приоритет на сè, а на важните луѓе не, се одрекувам од тоа!

jas-sum-svoja-kralica-i-ti-kazhuvam-zbogum-02.jpg

Љубов ќе беше да ми кажеш имам време, еве ме доаѓам, можам сè за тебе, сакам, заедно сè ќе направиме, едвај чекам, ми недостасувaш, те сакам. Само тоа признавам, сето друго е фолирање.

Можеби и ќе сакаш да се вратиш некогаш, но времето во кое тоа ми беше единствена желба – помина.

Не го сакаш некого поради бојата на очите и косата, па ни поради убавината. Го сакаш заради тоа како се однесува кон тебе. Поради тоа и го оставаш.

Сакав понекогаш да вриштам како се чувствував, но, молчев од страв дека тоа никој нема да го разбере. И нас храбрите ни треба прегратка и некој да ни каже, Не грижи се, ме имаш мене.

На крајот на денот и олуите не доаѓаат да ти го уништат животот – некои доаѓаат да ти го расчистат патот.

А јас ги поминав најтешките мигови додека сите веруваа дека сум добро.

Најголема грешка е кога ќе ја потцените упорната жена како мене.  А таа може сè!

Затоа да ги чуваме оние кои од нас не бараат ништо, а покрај нив имаме сè. Ги има сè уште!

                Автор: Ана Гигова

                                                         Професор по македонски јазик и литература

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg