„Тие усни не ми припаѓаат мене, а би ги љубел со најсилна страст и би тонел во нејзините бакнежи“

А таа, таа беше посветла и од најсилното сонце кое некогаш греело на небото. Тажна длабоко во себе, а насмеана и весела пред сите други. Гледам  дека не си она што се преправаш, а пред мене и не мораш, јас сакам да направам душата да ти пее и да ги достигнеш височините, си велеше тој.

tie-usni-ne-mi-pripagjaat-mene-a-bi-gi-ljubel-so-najsilna-strast-i-bi-tonel-vo-nejzinite-baknezhi-01.jpg

Како што доаѓаше зимата, така венееше и тој длабоко во себе.

Живееше само за оние мигови кога ќе се сретнеше со неа, кога на неговото

срце му беше претесно во градите и лудачки се бореше да излета од нив.

„Не е фер“ - си мислеше,

„толку ми е блиску, а толку е далечна, тие усни не ми

припаѓаат мене, а би ги љубел со најсилна страст и би тонел во тие нејзини бакнежи без да се плашам дали ќе го допрам дното“.

Кога ќе се допреа нивните раце, онака случајно, низ телото му струеше силен копнеж,

морници му ја лазеа душата,

а само тивко се насмевнуваше без да се издаде како навистина се чувствува.

Некогаш во главата си правеше планови како бегаат заедно,

како трчаат на широка полјана со булки, фатени за раце, па ќе се сопнеа и

во смеа ќе се фрлеа на бујната трева и тоа секогаш завршуваше со сочни

бакнежи силни прегратки од кои таа не можеше да се одвои. Но, вистината беше

поинаква од тоа. Вистината беше сива, со примеси на розово само кога ќе ги

сретнеше тие очи кои сјаеа од радост која не се сокрива.

А таа, таа беше посветла и од најсилното сонце кое некогаш греело на

небото. Тажна длабоко во себе, а насмеана и весела пред сите други.

„Гледам дека не си она што се преправаш, а пред мене и не мораш, јас сакам да

направам душата да ти пее и да ги достигнеш височините“ - си велеше тој, но

немаше храброст да го изговори тоа на глас.

Стравот дека ќе ја изгуби беше посилен од тоа. Дека ќе се исплаши, ќе побегне. Ќе го избегнува.

Ќе го исмева. Или пак едноставно ќе нема храброст да признае.

Кога идеше зима, студено му беше во душата. Го грееше помислата дека некаде

блиску, иако далеку, постои тоа ведро лице кое му дава желба за живот.

Се трудеше да не мисли на неа, сепак да се обиде да оди понатаму и да се

прави дека таа е само составен дел од животот кој и не го сака толку

неговото внимание, топлина и љубов. Излегуваше, се дружеше и се надеваше дека од некој агол ќе се појави некоја што... Се залажуваше...

Се надеваше дека ќе се појави таа, со палтото в рака и насмеана ќе го бара него низ густата толпа народ.

Па тогаш ќе стане, ќе ја пречека својата љубена и цврсто ќе ја обои во својата прегратка и ќе и ги подари своите врели бакнежи.

Но, не.

Таа беше на друго место. Можеби мисли, а можеби и не.

Веројатно не. А можеби и да?

Но, што можеше да стори во врска со тоа. Да страда, да копнее и да се надева.

Таа ќе се јави. Знам. Чувствувам. Ние сепак си припаѓаме...

Автор: Бјанка

Доколку сакате да ни раскажете некој сегмент од вашето секојдневие, да споделите животен предизвик или радост, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg