Убави вести од НП Шар Планина: Забележани се два нови балкански риса – сега има вкупно пет

„Имаме нова радосна вест! На нашите трап-камери на територијата на паркот неодамна се регистрирани две нови единки од балкански рис“, пишува на Фејсбук објава од НП Шар Планина.

ubavi-vesti-od-np-shar-planina-zabelezhani-se-dva-novi-balkanski-risa-sega-se-vkupno-pet-01.jpg

Балканскиот рис се смета за национален симбол на Македонија, но, за жал, спаѓа и во категоријата на загрозени животни.

Ова животно е ендемски вид на Југоисточен Балкан, а се претпоставува дека неговата популација брои 50-тина возрасни единки.

Во Македонија, балканскиот рис живее на неколку области, вклучувајќи го и Националниот парк Шар Планина.

Сега, пак, на официјалниот Фејсбук профил на паркот споделија навистина убави вести – бројот на идентификувани единки од балкански рис се зголемил од три на пет.

ubavi-vesti-od-np-shar-planina-zabelezhani-se-dva-novi-balkanski-risa-sega-se-vkupno-pet-02.JPG

„Имаме нова радосна вест! На нашите трап-камери, на територијата на паркот, неодамна се регистрирани две нови единки од балкански рис.

Истите се забележани при вршење на редовен мониторинг, на делот од територијата кој административно припаѓа на Општина Врапчиште. Со ова, бројот на идентификувани единки од рис се зголемува од 3 на 5.

Двете единки се во добра здравствена состојба, што претставува показател за стабилизирање и закрепнување на популацијата на овој редок вид на Шар Планина.

Благодарение на заложбите на тимот на ЈУ Национален парк Шар Планина, бројот на дивите животни, а особено на рисот, е во пораст, што го потврдува позитивниот ефект од мерките за заштита на природата.

Продолжуваме посветено да се залагаме за заштита на дивиот свет и унапредување на екосистемите на Шар Планина!“ – пишува на објава со две фотографии од рисовите.

ubavi-vesti-od-np-shar-planina-zabelezhani-se-dva-novi-balkanski-risa-sega-se-vkupno-pet-03.JPG

„Фатено на камера... и тоа не било што! Имаме нови 2 балкански риса на Шар Планина! Со ова бројката расте на 4 единки – доказ дека природата се враќа.

Ова не е само видео… ова е успех“, пишува на објавата со видео на кое може да се види еден рис.

Спирова С. | Црнобело

фото: НП Шар Планина

Би можело да ве интересира:

Бебе елен се роди во Скопје ЗОО: „Оваа преубава дама ни донесе многу радост“ Ова е прва принова кај нас по подолго време, па од Скопје ЗОО на Фејсбук сподели...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg