Колку се опасни гасениците боров четник (и што да правите ако ги имате во дворот)?

Гасениците познати како боров четник се најголемите штетници за боровите, но се доста опасни и за луѓе и миленици. Дури и само ако ги допрете, можат да ви предизвикаат иритација, но и сериозна алергиска реакција.

kolku-se-opasni-gasenicite-borov-chetnik-i-shto-da-pravite-ako-gi-imate-vo-dvorot-01_copy.jpg

Гасениците се ларви на пеперутки и молци и голем дел од нив се сметаат за безопасни.

Но, постојат видови гасеници кои можат да ви предизвикаат сериозни алергиски реакции дури и само ако ги допрете.

Еден ваков вид вирее и во Македонија и веруваме дека сте слушнале за него – гасеницата до видот Thaumetopoea pityocampa или кај нас позната како боров четник.

Како што кажува името, овие гасеници се деструктивни за боровите, а поради нивните отровни влакненца, можат да предизвикаат алергиски реакции кај луѓето, но и кај животните.

kolku-se-opasni-gasenicite-borov-chetnik-i-shto-da-pravite-ako-gi-imate-vo-dvorot-07.JPG

Што треба да знаете за овие гасеници и како да се заштитите?

Боровиот четник е ларва на вид молец, а вирее во Централна Азија, Северна Африка и јужниот дел на Европа, вклучувајќи ја и Македонија.

Препознатливи се бидејќи се движат во колона, а нивните гнезда, кои ги прават на гранки на борови, изгледаат како голема топка од пајажина.

Во просек, животниот век на овие гасеници е околу една година.

Женките несат јајца на највисоките гранки на борови, а гнездата ги градат за да ја преживеат зимата.

Покрај тоа што ги штити од ниските температури, гнездата ги штитат и од други инсекти и предатори.

На едно дрво може да има и по неколку вакви гнезда со многу гасеници внатре.

kolku-se-opasni-gasenicite-borov-chetnik-i-shto-da-pravite-ako-gi-imate-vo-dvorot-03.JPG

Овие гасеници се големи штетници бидејќи се хранат од игличките на борот. Обично гнездата ги напуштаат навечер, движејќи се во колона.

Кога се подготвени за следната фаза од развојот, односно да се претворат во молци, гасениците ги напуштаат гнездата и се кријат под земја.

Оваа трансформација обично почнува во април, па гасениците претставуваат најголема опасност напролет и во лето.

Нивната метаморфоза завршува помеѓу мај и август, кога се претвораат во молци.

kolku-se-opasni-gasenicite-borov-chetnik-i-shto-da-pravite-ako-gi-imate-vo-dvorot-02.JPG

Додека молците не се опасни, гасениците можат да предизвикаат сериозна иритација кај луѓе.

Нивниот одбранбен механизам се кратките влакненца по телото кои ослободуваат токсин познат како тауметопоеин.

Контактот со овој токсин може да предизвика изразен осип и иритација на очите кај луѓе, но и кај други цицачи.

Кај некои луѓе може да се јави и силна алергиска реакција.

kolku-se-opasni-gasenicite-borov-chetnik-i-shto-da-pravite-ako-gi-imate-vo-dvorot-04.JPG

Гасениците се опасни и бидејќи кога чувствуваат закана, можат да ги исфрлаат влакненцата од телото, како проектил.

Ова значи дека дури и да не ги допрете, ако ги вознемирувате може да се соочите со реакција.

Ако одите во област каде што има борови, на пролет и во текот на летото бидете особено внимателни каде се движите.

Ако имате миленик, никако не дозволувајте да им се доближува на овие гасеници.

kolku-se-opasni-gasenicite-borov-chetnik-i-shto-da-pravite-ako-gi-imate-vo-dvorot-05.JPG

Доколку имате борови во вашиот двор и ги забележите гнездата, не пробувајте сами да ги отстранувате.

Најдобро е да повикате соодветна служба која се занимава со дезинсекција.

kolku-se-opasni-gasenicite-borov-chetnik-i-shto-da-pravite-ako-gi-imate-vo-dvorot-06.JPG

Најдобро е да ги проверувате боровите во дворот уште во зима, за да можете да реагирате навреме.

Немојте да ги игнорирате гнездата бидејќи дури и да не ви наштетат вас, гасениците можат да го запрат растот на дрвото, но дури и да го „убијат“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јагула од видот „мурена“ испливала на две плажи на Халкидики – дали напаѓа и колку е опасна? Јагулата позната како мурена која била забележана деновиве на вториот крак во Гр...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg