Разладете го миленикот: Вкусни, замрзнати коцки кои можете сами да ги подготвите

Средината на летото пристигна, па не се чудете ако вашиот миленик се однесува мрзеливо и поспано. За да му го разубавите денот и да му го освежите секојдневието, одвојте 10 минути и подгответе замрзнати коцки.

razladete-go-milenikot-vkusni-zamrznati-kocki-koi-mozete-sami-da-gi-podgotvite-01.jpg

Без оглед на тоа дали имате маче или куче, кога и да забележите дека апетитот на миленикот е опаднат, а желбата за студена вода зголемена, послужете го со една вкусна замрзната коцка.

Еве како можете да ја подготвите:

1. Банана и јогурт - Исечкајте 1 банана на кругови, па секој круг ставете го во посебна преграда од калапот за замрзнување. Дополнете со јогурт и замрзнете.

2. Јајце - Измиксирајте неколку јајца додека не се згуснат, а потоа замрзнете ги во калапот за мраз.

3. Тиква - Изблендирајте 1 шолја јогурт со тиква и повторно замрзнете ја смесата во калапот за мраз. Почестете го миленикот кога има потреба од нешто слатко што ќе му даде енергија.

4. Сирење и сува храна за миленици - Ставете по неколку зрна тврда храна за кучиња или мачки, а потоа дополнете го калапот со несолено сирење, ситно изгмечено со виљушка.

5. Пилешко или говедско - Свареното месо ставете го во калапи за мраз, а потоа прелијте го со супа. Замрзнете неколку часа. Ова студено уживање е одлична замена за оброк.

6. Путер од кикирики - Сигурно до сега не сте знаеле дека нема маче или кутре кое не го обожава вкусот на кикирики. Затоа, измешајте путер од кикирики со 1 шолја јогурт и замрзнете ја смесата во калапи за мраз. Кога вашиот миленик ќе има потреба од енергетска бомба - послужете го со замрзната коцка.

Би можело да ве интересира:

Емилија Гогова од Скопје помага на улични животни: „Еве и ова маче ми го донесоа децата од маало - ш... „Се развикале тетка Ема, тетка Ема. Излегов, нешто држат во рацете го кренале, в...
14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа? Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...

Најчитани неделава