Последната прошетка: Бернандинка се збогува со сопственичката играјќи во снег

Неизлечливо болната бернандинка Софија и нејзината сопственичка Алисон последен пат заедно прошетале на едно затворено лизгалиште.

poslednata-prosetka-bernandinka-se-zboguva-so-sopstvenickata-igrajki-vo-sneg-01.jpg

„Пред 2 месеци дознавме дека Софија има рак на коските. Од тогаш барав начин како да ја испратам на достоинствен начин, затоа што таа е неверојатно куче,“ вели нејзината тажна сопственичка.

Несвесна дека ова е нејзината последна прошетка по која ја очекува еутаназија, Софија уживала во мразот и снегот.

„Последните две недели не покажуваше интерес за ништо, па навистина е убаво да ја видите како се валка во снег,“ додава Алисон.

„Нема зборови со кои можам да ви објаснам колку ќе ми недостасува Софија, но мило ми е што барем се збогуваме на ваков убав начин.“

Би можело да ве интересира:

Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа? Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...

Најчитани неделава