Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


4 компании што даваат платено отсуство ако земете ново кученце

Процесот на прилагодување на ново кученце во домот не е лесен и некои компании го разбираат тоа.

4-kompanii-shto-davaat-plateno-otsustvo-ako-zemete-novo-kuchence-01.jpg

Секој што некогаш земал кученце за да чува знае колку тешка работа е тоа. Тие се вистински крзнени бебиња и бараат многу љубов и внимание додека да се навикнат на новиот дом и да создадат врска со сопствениците.

Токму поради ова некои светски компании одлучија на луѓето што ќе земат милениче да им излезат во пресрет и да им дадат слободни денови за да се поврзат со својот нов пријател.

Овие компании дефинитивно ја заслужуваат секоја пофалба:

Mars Petcare

Ова е една од првите компании што дозволи отсуство од работа кога некој од персоналот ќе земе милениче.

На работниците дозволени им се 10 часа платено отсуство, а потоа смеат да го донесат миленичето на работа.

4-kompanii-shto-davaat-plateno-otsustvo-ako-zemete-novo-kuchence-03.jpg

Mparticle

IT компанијата нуди две седмици платено отсуство од работа за вработените што ќе посвојат или спасат кученце.

Тоа време е наменето за тренинг и прошетки на кучето, тврдат одговорните од компанијата, кои сметаат дека кучето е рамноправен член на семејството.

4-kompanii-shto-davaat-plateno-otsustvo-ako-zemete-novo-kuchence-06.jpg

BitSol Solutions

Технолошката компанија во Манчестер нуди една седмица платено отсуство ако некој од вработените земе ново милениче.

Одговорните од компанијата велат дека кучињата се како бебиња, па потребно е сопственикот да биде дома со нив додека се навикнат.

4-kompanii-shto-davaat-plateno-otsustvo-ako-zemete-novo-kuchence-04.jpg

BrewDog

Шкотската компанија за пиво дава една седмица платено отсуство, а причина за тоа е што раководството вели дека многу сака кучиња.

Не е ни чудно што вработените тврдат дека ова е најдобрата компанија за работа.

4-kompanii-shto-davaat-plateno-otsustvo-ako-zemete-novo-kuchence-02.jpg

Отсуство по загуба на милениче

Некои компании даваат по неколку слободни денови во случај вашето милениче да почине. Такви компании се:  Kimpton Hotels & Restaurants, Mars Inc, VMware итн.

Ние сè уште не сме слушнале за некоја ваква компанија во Македонија, а вие?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Фото-докази дека и животните се грижливи родители Мачка која ги прегрнува своите малечки додека спие, куче кое се радува на новоро...
Им треба простор, пренесуваат салмонела – Што треба да знаете за желките како миленици? Токму поради тоа што може да пренесат салмонела, не ја гушкајте или бакнувајте в...
Новогодишната елка „живее“ додека не ја види миленичето - Животни кои ја уништија празничната магија Ако вашето маче или куче не е среќно што во домот има новогодишна елка, таа чест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg