Се вљубуваат, сакаат телевизија - Интересни факти за кучињата

Можат да намирисаат страв

Можеби досега сте слушнале дека кучињата можат да почувствуваат ако се плашите од нив.

Наводно, тие го забележуваат стравот од разни фактори, но најмногу од мирисот на потта. Интересно е што неретко, во тие моменти кучињата покажуваат сочувство.

se-vljubuvaat-sakaat-da-gledaat-telvizija-neverojatnite-raboti-shto-mozhe-da-gi-napravi-vasheto-kuche-04.jpg

Одличен вокабулар

Кучињата можеби не можат да зборуваат, но тие можат да разликуваат над 150 зборови.

Можеби кучето нема да го сфати точното значење на зборот, но може да ја препознае интонацијата и конотацијата.

И тие се вљубуваат

Замислете, и кучињата можат да се вљубат.

Според истражување направено во Токио, мозокот на кучињата испушта окситоцин – таканаречениот хормон на љубовта.

se-vljubuvaat-sakaat-da-gledaat-telvizija-neverojatnite-raboti-shto-mozhe-da-gi-napravi-vasheto-kuche-05.jpg

Можат да го предвидат и времето

И за ова нема никаков научен доказ, но се верува дека кучињата можат да предвидат ако доаѓа бура.

Бидејќи во воздухот има електрицитет уште пред да почне бурата, а кучињата се хиперсензитивни, веројатно можат да ја почувствуваат неколку часа однапред.

Сакаат да гледаат телевизија

Можеби кучето нема да може да им се восхитува на боите на вашиот нов телевизор, но дефинитивно може да препознае друго куче на него.

Денес дури постојат телевизиски програми и реклами наменети за кучиња.

se-vljubuvaat-sakaat-da-gledaat-telvizija-neverojatnite-raboti-shto-mozhe-da-gi-napravi-vasheto-kuche-06.jpg

Не можете да ги излажете лесно

Можеби ќе успеете еднаш или двапати, но кучињата можат да почувствуваат кога некој сака да ги измами.

Во едно истражување направено во Јапонија, неколку луѓе ги лажеле кучињата дека во празна чинија има храна. После втората лага, кучињата повеќе не покажувале интерес за чинијата.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Емилија Гогова од Скопје помага на улични животни: „Еве и ова маче ми го донесоа децата од маало - ш... „Се развикале тетка Ема, тетка Ема. Излегов, нешто држат во рацете го кренале, в...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче „Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака) Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...

Најчитани неделава