Мини прирачник за патување со миленик – Што треба да направите пред да излезете од Македонија?

Ако имате миленик и не сакате да се одвоите од него кога одите на патување или едноставно немате каде да го оставите на згрижување, потребни ви се низа подготовки. Што друго ви треба освен пасош ако првпат излегувате надвор од Македонија со вашиот миленик?

mini-priracnik-za-patuvanje-so-domasno-milenice-01.jpg

Грција е омилена дестинација за македонските туристи, па така доколку планирате со вас да го понесете и вашиот миленик, ќе треба да ги обезбедите неопходните документи што се бараат за влез на миленици во земјите на ЕУ.

При изборот на вашето сместување, не заборавајте да ја обележите опцијата за „пет-френдли“ објекти и изберете хотел, камп или приватно сместување каде што се дозволени миленичиња, како и на плажите (доколку станува збор за летна дестинација).

Секогаш ќе има туристи кои може да направат недоразбирања околу оваа тема.

Погледнете кои подготовки ви се неопходни за да тргнете на пат со вашето милениче.

За влез во друга земја на миленичето, неопходно е:

Да има вграден микрочип (транспондер) и да имаат примено вакцина против беснило која ги исполнува условите пропишани од Европската Комисија

Одбележувањето на миленичето со микрочип и вакцинацијата се вршат кај ветеринар.

Ветеринарите се во тек со правилата, па консултирајте се со нив пред да одите на пат.

mini-priracnik-za-patuvanje-so-domasno-milenice-02.jpg

Пасош за животното

Пасошот за домашни миленици со регистарски број се издава од страна на матичниот ветеринар.

За патување во земјите-членки на ЕУ, во пасошот треба да бидат заведени: вакцината за заразни болести, вакцината за беснило, алфанумеричкиот код на транспондерот и ампулата или ременот против болви и крлежи и дехелментизацијата.

Тука треба да имате предвид дека секоја земја има различни правила за тоа колку време смее да има поминато од последната вакцина против беснило и најдобро е пред да тргнете да се консултирате со вашиот ветеринар.

Исто така, најмногу два дена пред да тргнете на пат треба да одите на ветеринар за да направи прочистување на миленичето од паразити.

mini-priracnik-za-patuvanje-so-domasno-milenice-03.jpg

Ветеринарно-здравствен сертификат

Овој сертификат се издава од страна на официјалниот ветеринар (ветеринарниот инспектор) врз основа на ветеринарниот пасош и сертификатот за здравствена состојба на животните кои треба уредно да бидат пополнети од страна на матичниот ветеринар.

Кога условите се исполнети, матичниот ветеринар поднесува барање до ветеринарниот инспектор за издавање на ветеринарно-здравствен сертификат.

Сертификатот важи исклучиво за крајната дестинација каде патувате и трае 4 месеци од датумот на издавање, но не смеат да поминат повеќе од 10 дена пред животното да ја напушти границата на Македонија.

Секогаш е добро да го прашате и ветеринарот за важноста на сертификатот, во случај да се направени промени.

mini-priracnik-za-patuvanje-so-domasno-milenice-03_copy.jpg

На што да внимавате додека сте на одмор?

Плажа и шеталишта

Секоја земја има свои правила за кучиња, затоа информирајте се навремено.

Секако, не заборавајте дека не сите туристи сакаат животни во својата близина, затоа избегнувајте несакани ситуации.

Високи температури – ризик од топлотен удар 

Да, вашето милениче да почувствува топлотен шок во летните денови.

Затоа погрижете се да не го изложувате директно на сонце во најтоплите периоди од денот.

Солта од морето знае да предизвика алергии, како и оштетувања на влакната и кожата, така што бидете внимателни.

Ова е само еден дел од препораките кои ви се потребни.

Доколку се одлучите за одмор со вашето милениче, сигурно нема да згрешите. Напротив, загарантирано ви е незаборавно искуство.

И, уште еднаш нагласуваме дека е добро да се консултирате со ветеринар за да не пропуштите нешто важно.

М. У. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
10 грешки што треба да ги избегнувате ако (првпат) чувате мачка Никако немојте да ѝ ги сечeте ноктите и немојте да ѝ давате млеко – Кои се најче...
Одговори на најчестите прашања за мачките: Зошто предат, зошто носат животинки, дали ве сакаат? Мачките се идеални миленици за луѓето што немаат премногу време: независни се, н...
Колкав е просечниот животен век на популарните раси на кучиња (и како да им го продолжите животот)? Повеќето раси на кучиња живеат по најмалку 10 години. Но, покрај нивниот просече...
9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...
Совети за шетање куче (ќе им се најдат на новите сопственици, без искуство) Користете краток поводник и наградете го кучето кога се однесува добро - Неколку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg