8 вежби за слабеење на стомакот од руски кинезиолог

Повеќето вежби се прават без опрема, а познатиот руски кинезиолог тврди дека освен што ќе ви го намалат салото на стомакот, помагаат и во намалување на болките во грбот...

8-vezhbi-za-slabeenje-na-stomakot-od-ruskiot-ekspert-d-r-sergej-bubnovski-01.jpg

Рускиот кинезиолог, д-р Сергеј Бубновски, e еден од најценетите во своето поле. Во долгите години активна работа, тој им помогнал на бројни пациенти да ги елиминираат болките во грбот и зглобовите.

Но, тој осмислил и вежби кои ќе помагаат да се изборите со вишокот килограми.

Најдобро од сè е што овие вежби може да се изведуваат дома без никакви проблеми. Тие помагаат успешно да се отстранат масните наслаги на стомакот, а истовремено ќе се ослободите од болки во грбот.

Вежба бр. 1:

Седнете со исправен грб на работ од столчето и навалете го телото малку напред. Земете сукало и со двете раце фатете го за краевите, па со него масирајте го стомакот, тркалајќи го од долу кон горе 2 до 5 минути.

Оваа масажа ги разбива масните наслаги. Додека ја изведувате вежбата ќе почувствувате како на стомакот ви се движат маснотиите.

Ако притиснете премногу силно може да почувствувате и болка, но сепак, д-р Бубновски тврди дека ваквата масажа не е опасна.

8-vezhbi-za-slabeenje-na-stomakot-od-ruskiot-ekspert-d-r-sergej-bubnovski-02.jpg

Вежба бр. 2:

Легнете на грб со свиткани колена и ставете ги стапалата на стол или кревет. Допрете ги дланките на ушите и тргнете ги лактите на страна.

Потоа почнете со вежбата - виткајте го телото нанапред и издишувајте, а со лактите обидете се да ги допрете колената и да ги кренете лопатките од подот.

Повторете ја вежбата 20 до 50 пати.

Обидете се да останете кратко време во потполно свиткана положба, истовремено вовлекувајќи го стомакот - ова ќе го удвои ефектот на вежбата.

8-vezhbi-za-slabeenje-na-stomakot-od-ruskiot-ekspert-d-r-sergej-bubnovski-03.jpg

Вежба бр. 3:

Ставете каква било топка на подот и легнете врз неа со стомакот. Тркалајте се врз топката во насока на стрелките на часовникот (десно кон лево, одоздола нагоре), односно по целата површина на стомакот.

Направете 5 до 10 кругови. Вежбата правете ја наутро или навечер, секогаш на празен стомак, но откако ќе испиете барем една чаша вода.

8-vezhbi-za-slabeenje-na-stomakot-od-ruskiot-ekspert-d-r-sergej-bubnovski-04.jpg

Вежба бр. 4:

Легнете на грб на подот, испружете ги рацете над главата и фатете се за фиксирана потпора. Почнете да ги кревате нозете наизменично, обидувајќи се да ја допрете потпората за која се држите со рацете.

Полека спуштајте ги нозете и обидете се да не го допрете подот со петиците додека до правите тоа.

Направете ја вежбата 10-20 пати. Треба да почувствувате мало треперење во стомачните мускули.

Кога ќе го почувствувате, значи дека е време да ја завршите оваа вежба и да преминете на следната.

8-vezhbi-za-slabeenje-na-stomakot-od-ruskiot-ekspert-d-r-sergej-bubnovski-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...

Најчитани неделава