„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“

„Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мразам телото“, пишува инфлуенсерка која ослабела над 100 килограми со операција за стеснување на желудникот. Но, истовремено истакнува дека е свесна дека не треба да биде толку строга кон себе и да биде горда на тоа што го постигнала досега.

oslabev-100-kg-so-operacija-na-zheludnikot-ne-ochekuvav-deka-sega-povekje-kje-si-go-mrazam-teloto-01.jpg

Операцијата за стеснување на желудникот им помага на лицата со прекумерна тежина полесно да го контролираат апетитот, да го изгубат вишокот килограми и со тоа значително да си го подобрат здравјето.

Како и секоја операција, и оваа не е без ризик, но може да биде од огромна помош за луѓе кои пробале сè останато без никаков успех.

Но, по драстичното слабеење, лицата кои ја направиле операцијата се соочуваат со друг предизвик – вишокот кожа.

Катарина Вукманиќ од САД направила ваква операција и со своите 80.000 следбеници на Инстаграм и ТикТок искрено го споделува своето искуство.

oslabev-100-kg-so-operacija-na-zheludnikot-ne-ochekuvav-deka-sega-povekje-kje-si-go-mrazam-teloto-06.JPG

Вели дека од 200 килограми ослабнала на 88, но не ни помислувала дека вишокот кожа уште толку ќе ѝ ја разниша самодовербата.

Во видео споделено на Инстаграм, Катарина позира во тренерки и спортски градник, а го покажува вишокот кожа на стомакот.

„Одвратна сум. Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мразам телото“, пишува на видеото.

oslabev-100-kg-so-operacija-na-zheludnikot-ne-ochekuvav-deka-sega-povekje-kje-si-go-mrazam-teloto-02.JPG

Сепак, описот на објавата е поинспиративен:

„Некогаш перспективата ви е најдобар пријател. 3,5 години откако го почнав моето фитнес патување, станав построга кон мене отколку кога тежев над 180 килограми.

Се фокусирам и на најмалите ситници кои не би ми биле важни кога мојата тежина ми беше најголем проблем и причина за несигурност.

oslabev-100-kg-so-operacija-na-zheludnikot-ne-ochekuvav-deka-sega-povekje-kje-si-go-mrazam-teloto-04.JPG

Иако има делови од мене кои сакам да ги подобрам или да ги ’поправам‘, пробувам да не заборавам дека ако мојата верзија од 2022-ра би ме видела денес, нема да суди за вишокот кожа…

Ова е потсетник да бидете добри кон себе. Можеби нема да бидете каде што сакате, но сте стигнале многу далеку од почетната точка.

Сите заслужуваме признание кога ќе се присетиме на почетокот на нашето патување“.

oslabev-100-kg-so-operacija-na-zheludnikot-ne-ochekuvav-deka-sega-povekje-kje-si-go-mrazam-teloto-03.JPG

Во видеото има инсерт од Катарина во 2022 година, пред да ја направи операцијата.

Во коментари многу луѓе ѝ даваат комплименти на Катарина, а некои ги споделуваат и нивните искуства:

„Мојата сопруга уште се жали за тоа како ѝ изгледаат рацете две години по операцијата. Ја разбирам, но за мене таа изгледа одлично“.

„Еден ден кожата ќе биде отстранета, но здравјето не е нешто што можеш да го купиш. Си направила нешто одлично! Биди горда на себе“.

„Се мачам да ослабам 13 килограми и ова многу ме мотивира. Неверојатно е што си постигнала. Горда сум на тебе“.

„Вишокот кожа не изгледа убаво, но јас се чувствувам многу посреќно во поздраво тело“.

„Многу те разбирам. Но, знаеш што? Тоа што си ослабела е сепак подобро од сè останато“.

„Воопшто не изгледаш одвратно! Твоето тело раскажува приказна за тоа како си почнала да се сакаш себеси доволно за да пробаш да си го подобриш здравјето“.

Погледнете го видеото:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...
8 моќни вежби со кои ќе го доведете телото до совршенство до крајот на летото Ако ја пропуштивте шансата да се направите згодни до лето, тогаш искористете ги ...

Најчитани неделава