Силна или луда трудница? Крева тегови тешки 30 килограми во 6-от месец од бременоста

Оваа жена е 6 месеци во бременоста, но тоа не ја спречува и понатаму да продолжи да вежба. Неодамна објавила слика на Фејсбук со тегови и реакциите не биле такви какви што очекувала да бидат.

diga-tegovi-teshki-30-kila-i-vo-6iot-mesec-od-bremenosta-01.jpg

Софи Гидолин е Австралиски фитнес модел кој пишува за здравото живеење и има неколку фитнес книги и книги со рецепти.

Веќе има два сина и за секоја бременост посебно, качила по 28 килограми. Оттогаш па навака целосно го изменила начинот на живеење и сега има освоено 4 награди како фитнес модел.

Оваа година Софи ги очекува своите две ќеркички близначки и дури и во 6 месец од бременоста продолжува со вежбање.

Пред да остане бремена таа редовно вежбала програма од висок интензитет, но сега работите само малку се изменети. Вежба кога може и прави вежби со послаб интензитет со помош на личен тренер.

Кога ја објавила сликата каде крева тегови тешки 30 килограми не очекувала дека ќе добие толку негативни коментари. Посебно била изненадена што коментарите доаѓале од машки профили.

„Тешко кому? За мене тоа не е преголема тежина. Сè се сведува на тоа што е тешко за индивидуата и тоа што таа можела да крева пред бременоста“.

Таа вежба согласно препораките од нејзиниот маж кој е тренер и нутриционист.

Негативните коментари најчесто се однесуваат на тоа дека може да ги загуби децата, но Америчката асоцијација за бременост објаснува дека ова сфаќање е само мит. Целосно неточен мит.

Еве како изгледа за време на бременоста:

Ова се вежбите кои Софи ги практикувала пред бременоста, а сега се само малку изменети:

Што мислите, луда или силна трудница?

Би можело да ве интересира:

11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
10-минутна вежба за рамен стомак и по 40-тата година во животот „Сигурно ќе ја пробам оваа вежба“ – велат следбеничките на оваа инфлуенсерка кој...
Едноставна вежба за сите кои сакаат убаво тело (а мразат да прават планк) Оваа вежба е одлична и за оние што многу седат, но и за постари лица... Оваа ...
4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg