Билдерот во тесна маица и женската што сите ја манијачат - ликови кои ќе ги сретнете во теретана

Сите сме биле барем еднаш во животот во некоја од локалните теретани. Некои од нас поради желбата да се биде фит, други поради постигнување на „летно тело“, трети поради самата пасија за вежбањето.

14-likovi-koi-kje-gi-sretnete-ushte-na-prvoto-odenje-vo-teretana-01.jpg

Во продолжение погледнете само дел од урнебесните ликови кои може да се сретнат во секоја теретана:

Билдерот – Прв на листата мора да биде билдерот. Ова е крупен човек, со огромни мускули. Околу половината носи појас за кревање тешко, и тесна маица која го отцртува неговото „Џони Браво“ тело. Ова е редовен посетител на теретаната, и во отсуство на тренерите, тој ја превзема улогата во обучувањето на другите. При недостаток на тегови, може да се случи да крене и човек или два на бенч.

14-likovi-koi-kje-gi-sretnete-ushte-na-prvoto-odenje-vo-teretana-02.jpg

Фитнес девојката Ова е женската верзија на билдерот, само не сакав да ја пишам „билдерката“. Ова е девојка која има далеку поголеми мускули од просечниот машки вежбач во теретаната. Таа не се замара со привлекување на внимание, туку со тоа колку ќе крене денеска на бенч.

Дилберот – Името е инспирирано од легендарниот скеч на К-15, а овој човек е обратно пропорционален од горенаведениот „билдер“. Ова е лик кој мисли дека е добро изграден и набилдан, меѓутоа е далеку од тоа. Носи стреч маица уз тело, меѓутоа поради самозаљубеноста не е свесен дека таа само ги отцртува неговите женствени гради и стомак. Кога вежба најчесто крева најмногу галама и покрај тоа што работи со најлесните тегови што ги има на располагање во теретаната. Доколку се сликате во теретаната, голема е веројатноста овој лик да ви влета во сликата во поза „демек вежба“.

Инстаграм моделот – Ова е девојката поради која доаѓаат пола од вежбачите. Згодна е и добро градена, меѓутоа главната цел ѝ е да изгледа добро на сликите на својот Инстаграм профил. Повеќето од присутните ја манијачат, а таа делува како да ѝ е непријатно, меѓутоа не ѝ смета вниманието, напротив, таа е делумно дојдена заради тоа.

14-likovi-koi-kje-gi-sretnete-ushte-na-prvoto-odenje-vo-teretana-03.jpg

Слабиот – Ова е човекот кој дошол да направи тело, меѓутоа никој однапред не му кажал дека прво треба да има маса за да ја оформи. Пробува да крева потешки тегови, но по неколку опомени од одговорните, се префрлува на негова тежина. Омилени справи му се траките за трчање и велосипедите.

Изгубените – Најчесто станува збор за тројца или четворица другари кои дошле да вежбаат заедно, но најчесто едниот вежба, а другите му прават муабет. Ова се луѓето поради кои повеќето од редовните муштерии губат интерес за одење во дадената теретана, бидејќи само прават гужва на справите. Овие луѓе најчесто одат два-три месеца, па се откажуваат.

Трачарките – Ова е женската верзија на „изгубените“. Најчесто во помал број, две до три девојки кои дошле во теретана наместо да седнат на кафе. Ова е најгласната група во теретаната, па поради тоа по нивното заминување цела теретана знае кој со кого се смувал во средно, и кој со кого бил во врска. Исто како и изгубените, додека едната девојка вежба, другите ѝ ги раскажуваат најновите трачеви и случки.

14-likovi-koi-kje-gi-sretnete-ushte-na-prvoto-odenje-vo-teretana-04.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
Едноставна вежба за сите кои сакаат убаво тело (а мразат да прават планк) Оваа вежба е одлична и за оние што многу седат, но и за постари лица... Оваа ...
6 вежби со кои ќе ги отстраните масните наслаги на грбот и ќе ги зајакнете мускулите Не е доцна да почнете со вежбање, без разлика што сезоната на костими за капење ...
Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада Овие вежби ќе ви помогнат да ги зајакнете вратот и рамената, да се ослободите од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg