Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите?

Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгледаат одлично. Тие ја открија својата рутина за топ изглед.

imaat-nad-50-godini-a-izgledaat-odlichno-kako-ja-odrzhuvaat-formata-supermodelite-od-90-tite-05.jpg

Светските супермодели од 1990-те и денес можат да излезат на писта и да им парираат на денешните манекенки. Дел од нив се активни и денес, па повремено снимаат реклами или имаат фотосесии за познати брендови.

Наоми Кемпбел, пак, не се откажува ни од ревиите и често знае да се прошета на модната писта, особено кога станува збор за дизајнери или модни куќи кои ги смета за свои пријатели.

Но, како ја одржуваат формата на 50+ години?

Синди Крафорд, Кејт Мос и Наоми Кемпбел ја открија тајната на својот изглед:

Наоми Кемпбел

Има 53 години, но и понатаму импресионира со својот став и става кога ќе појави на модна писта. Иако поминаа три децении од нејзиното прво појавување во светот на модата, таа како воопшто да не е сменета.

На прашањето која е тајната на совршениот изглед и како успева да остане слаба и згодна, таа вели дека јаде многу малку:

„Само ручам. Некогаш ручекот е вечера, бидејќи скоро никогаш не јадам повеќе од еднаш во текот на денот.

А, има и денови кога не јадам воопшто, туку само пијам сокови или вода“.

imaat-nad-50-godini-a-izgledaat-odlichno-kako-ja-odrzhuvaat-formata-supermodelite-od-90-tite-02.jpg

Кејт Мос

Долги години Кејт Мос велеше дека не вежба и не држи диети, а својата витка става ја припишуваше на генетиката.

Манекенката на 16 јануари 2024 ќе полни 50 години. Таа сега веќе признава дека метаболизмот ѝ е сменет, и иако изгледа скоро исто како во времето кога беше на врвот на кариерата, Кејт сепак смени некои животни навики.

„Никогаш не сум одела во теретана или во каков било фитнес центар.

Но, работите се поинакви, веќе некое време вежбам постојано, па освен што ги чувствувам разликите во изгледот на своето тело, сфатив дека уживам во самото вежбање“, вели Мос.

Таа призна и дека повремено прави детокс на организмот, а дека голема помош за тоа има од својот личен инструктор по јога.

imaat-nad-50-godini-a-izgledaat-odlichno-kako-ja-odrzhuvaat-formata-supermodelite-od-90-tite-03.jpg

Синди Крафорд

Во врвот на својата слава, Синди Крафорд издаде неколку видеа со вежби, кои станаа вистински хит во светот.

Таа покажа дел од својата фитнес рутина и откри како ја одржува формата дури и денес, на 57 години.

„Ретко кревам тегови, но трипати неделно имам кардио тренинзи. Скокам на трамбулина, трчам на лента или трчам на плажа, бидејќи од дворот на нашата куќа има скали кои водат до плажа.

Понекогаш слушам музика или аудио книги додека 'одам' по подвижни скали и тоа трае околу 20 минути“, вели Крафорд.

imaat-nad-50-godini-a-izgledaat-odlichno-kako-ja-odrzhuvaat-formata-supermodelite-od-90-tite-04_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Проверете сами: Дали сте доволно фит за ваша возраст (и колкав ви е ризикот од сериозни болести)? Можете ли да станете од подот без да се придржувате за нешто? А, колку долго мож...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
10-минутна вежба за рамен стомак и по 40-тата година во животот „Сигурно ќе ја пробам оваа вежба“ – велат следбеничките на оваа инфлуенсерка кој...
4 вежби за затегнати раце со тегови - Можете да ги правите и дома Четири вежби кои може да ги правите и во вашата дневна соба, а ќе ви помогнат да...
Фитнес инфлуенсерка покажува како навистина изгледа кога не позира и не ги уредува фотките Подуен стомак и мускули кои не се секогаш дефинирани – фитнес инфлуенсерка споде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg