Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада

Овие вежби ќе ви помогнат да ги зајакнете вратот и рамената, да се ослободите од двојната брада, но и да ги намалите болките во оваа област на телото.

ednostavni-vezhbi-za-zajaknuvanje-na-vratot-i-ramenata-ja-namaluvaat-i-dvojnata-brada-01.jpg

Кога вежбаме за да ослабиме и да го зацврстиме телото, обично се фокусираме на рацете, нозете и стомакот.

Но, масните наслаги се таложат на целото тело, вклучувајќи ги и вратот и рамената.

Кога ќе ослабите, природно ќе се намалат наслагите и на овие делови од телото.

Но, за дополнително да ги затегнете, па дури и да се ослободите од двојната брада, треба да правите вежби и за овој дел од телото.

Покрај тоа, овие вежби ќе ви помогнат и да ги намалите болките во вратот и рамената

Шест лесни вежби за врат и рамена:

Прва вежба

Застанете исправено со главата свртена кон напред.

Ставете ги рацете зад телото и наместете ги дланките една врз друга (како на илустрацијата подолу).

Додека издишувате, постепено кревајте ги рацете до каде што можете, па спуштете ги.

Правете ја вежбата 30 секунди, па сменете ги дланките – таа што била горе ставете ја долу.

ednostavni-vezhbi-za-zajaknuvanje-na-vratot-i-ramenata-ja-namaluvaat-i-dvojnata-brada-02.jpg

Втора вежба

Застанете со нозете раширени колку колковите. Ставете ги дланките зад главата со лактите свртени странично.

Малку свиткајте ги колената и навалете се кон напред. Треба да гледате надолу, а грбот да ви биде исправен.

Со главата почнете да притискате кон дланките. Немојте да ја враќате главата кон назад, туку само создавајте притисок на дланките.

Држете ја положбата 20 секунди.

ednostavni-vezhbi-za-zajaknuvanje-na-vratot-i-ramenata-ja-namaluvaat-i-dvojnata-brada-03.jpg

Трета вежба

Легнете на левата страна и ставете ја главата на перница. Левата рака ставете ја под главата, а нозете треба да ви бидат споени и малку свиткани.

Свиткајте ја десната рака под прав агол и направете тупаница, па спуштете ја пред стомакот, како на илустрацијата.

Кревајте ја и спуштајте ја раката на овој начин, без да го менувате аголот под којшто е свиткана.

Уште подобро е ако за оваа вежба користите и мал тег.

Правете ја вежбата 45 секунди, па променете ја страната.

ednostavni-vezhbi-za-zajaknuvanje-na-vratot-i-ramenata-ja-namaluvaat-i-dvojnata-brada-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...
„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...

Најчитани неделава