Исповед на невести: Најужасни работи кои гостите ги направиле на нивната свадба

Сите сонуваат дека свадбата ќе им биде најубавата вечер во животот, но понекогаш дури и ако испланирате сè совршено, може работите да тргнат наопаку.

ispoved-na-nevesti-najuzhasni-raboti-koi-gostite-gi-napravile-na-nivnata-svadba-01.jpg

Секако кој би бил виновен за тоа ако не гостите кои треба да ја направат, или уништат атмосферата.

Пијани тетки, гости облечени во невестински фустани и уште многу други луди приказни се дел од искуството на овие невести кои споделуваат што им ја уништило свадбата.

Најужасните работи кои гостите некогаш ги направиле на некоја свадба:

„Мојата поранешна цимерка ја носеше нејзината венчаница на МОЈАТА свадба. И не мислам на бел фустан или некој налик венчаница, туку буквално нејзината венчаница.“

ispoved-na-nevesti-najuzhasni-raboti-koi-gostite-gi-napravile-na-nivnata-svadba-02.jpg

„Сестрата на мојот сопруг побара да ја поместиме свадбата 2 недели порано од планираното бидејќи потоа почнува втора работа и нема да може да побара слободен ден. Ние нормално не ја поместивме, а таа не дојде.“

„Колешката на мајка ми им се пушташе на сите и танцуваше пијана на маса. Сестрата на маж ми ќе се степаше со тетка ми за бидермаерот. Мојата деверица се опијани и не помнеше ништо. Братучедите на маж ми исто се опијанија и повраќаа во дворот. Чаршафите на масите се запалија со цигари. Сè беше ужас...“

ispoved-na-nevesti-najuzhasni-raboti-koi-gostite-gi-napravile-na-nivnata-svadba-03.png

„Братучедот на мојот сопруг си нарачал пици иако имаше огромна шведска маса со друга храна.“

„Мојата сестра се вери на денот на мојата свадба бидејќи секогаш сака да е во центарот на вниманието. Тие технички беа договорени за веридба со месеци, тој веќе го имаше прстенот, но реши да ѝ го даде баш на тој ден!“

ispoved-na-nevesti-najuzhasni-raboti-koi-gostite-gi-napravile-na-nivnata-svadba-04.jpg

„Жената на мојот најдобар пријател премногу се напи на нашата свадба, се качи на маса и имаше цел танцувачки настап. За малку ќе паднеше, а беше многу чудно бидејќи вообичаено е многу мирна.“

„На нашата свадба, мојата тазе свекрва побара фотографот да направи групна фамилијарна слика. Јас како невеста, која стоев во групата со која сакаше да се слика, се наместив покрај нив. Но, таа ми кажа, не, ова е само за семејството...“

„Жената на еден од моите пријатели си донесе сет за плетење и си плетеше за време на церемонијата.“

ispoved-na-nevesti-najuzhasni-raboti-koi-gostite-gi-napravile-na-nivnata-svadba-05.jpg

„Со сопругот решивме да направиме мала свадбена прослава на отворено со 80 гости. Имавме во план да биде елегантна, но не со претерано официјален дрес код. Сепак, многу гости се појавија во фармерки, маички, дуксери па дури и апостолки. Со сопругот бевме многу нервозни бидејќи потрошивме многу пари, време и солзи за свадбата да биде совршена, а тие не се ни потрудиле да изгледаат соодветно. Подоцна дознав дека љубоморната сестра на мојот сопруг била нервозна што тој се жени пред неа, па на сите им кажала дека бидејќи ова е евтина пикник свадба, може да дојдат облечени како сакаат.“

ispoved-na-nevesti-najuzhasni-raboti-koi-gostite-gi-napravile-na-nivnata-svadba-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

35 фризури за свадба за невести кои немаат идеја (фото) Фризурата за свадба е од големо значење за секоја невеста – како се замислувате ...
Водич за идни невести: Сè што ви е потребно за да организирате свадба за 1 месец Време е за вашата свадба од соништата? Но, дали ќе стигнам да подготвам се за ед...
Девојка ја прекроила венчаницата која на свадба ја носеле мајка ѝ и баба ѝ - ја расплака баба си (ви... Баба ѝ и мајка ѝ го носеле овој фустан на нивната свадба, а Британи сега го носи...
Луксузна ромска свадба одржана во Виена: Сватовите ја купија невестата за огромна сума пари Невестата била купена за неколку десетици илјади евра, а гостите не се штеделе н...
10 модели на венчаници кои ќе бидат хит во 2024 година Шарени цветови, впечатливи деколтеа, одвоени ракави … погледнете ги овие доминан...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg