Типови на луѓе без кои не може да помине ниедна свадба


Типови на луѓе без кои не може да помине ниедна свадба

Секоја свадба е посебна на свој начин, почнувајќи од разликите на местото каде се одржува, музиката, украсувањето и типот на забава.

tipovi-na-lugje-bez-koi-ne-mozhe-da-pomine-niedna-svadba-01.jpg

Но, има едно нешто што речиси на секоја свадба ѝ е заедничко, а тоа се гостите, односно типовите на луѓе кои може да се сретнат.

Иако и гостите се секаде различни, сепак постојат неколку типови кои може да се сретнат на секоја свадба.

Од оние кои не го пуштаат микрофонот од рака – до фаќачи на бидермаер, погледнете кои се гостите без кои ниедна свадба не поминува:

Забавувач

Карактеристики: закачен за микрофон, универзално одело, харизма

Опис: може да пие со сите роднини и да не се опие, ги тера сите да се забавуваат и ги заигрува дури и најстарите

tipovi-na-lugje-bez-koi-ne-mozhe-da-pomine-niedna-svadba-02.jpg

Фаќач на бидермаери

Карактеристики: краток и тесен фустан, провокативен изглед, немажена

Опис: стои во првите редови за фаќање на бидермаер, но може да го улови од било која далечина бидејќи веќе е искусна, сака да игра на маса и да биде центар на внимание

tipovi-na-lugje-bez-koi-ne-mozhe-da-pomine-niedna-svadba-03.jpg

Фотограф

Карактеристики: камера, бизнис картички, еден од ретките што се смирени и не се еуфорични

Опис: прави чудни фотосесии, ве тера да се местите во невообичаени пози, не ви се јавува уште 6 месеци по свадбата бидејќи сликите не се готови

tipovi-na-lugje-bez-koi-ne-mozhe-da-pomine-niedna-svadba-04.jpg

Далечен роднина

Карактеристики: непознато лице

Опис: се појавува од никаде и зборува за тоа како последно ве памти кога сте биле малечки, никој не знае кој го поканил, ниту пак кој е

tipovi-na-lugje-bez-koi-ne-mozhe-da-pomine-niedna-svadba-05.jpg

Критичарот

Карактеристики: на никој не му се допаѓа, но се кани на сите настани

Опис: на сите им кажува што недостасува на свадбата и споредува сè со нејзината (која била совршена или ќе биде), може да се облече во бел фустан како невестата само за внимание

tipovi-na-lugje-bez-koi-ne-mozhe-da-pomine-niedna-svadba-06.jpg

Селфи зависник

Карактеристики: постојано со телефон во раце

Опис: личноста која на крај има повеќе фотки од невестата и младоженецот, бидејќи секаде оди со телефонот, го уловува секој момент и на секое место прави по едно селфи

tipovi-na-lugje-bez-koi-ne-mozhe-da-pomine-niedna-svadba-07.jpg

Богат роднина

Карактеристики: џебови полни со пари, скапи додатоци, фалбаџија

Опис: до крајот на вечерта, сите гости знаат од каде се неговите приходи, колку многу скапо се облекол, колку пари оставил на музиката и каде му учат децата

tipovi-na-lugje-bez-koi-ne-mozhe-da-pomine-niedna-svadba-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи околу свадбите за кои на гостите НЕ ИМ Е ГАЈЛЕ Планирањето свадба е прилично стресна работа. Долга листа на обврски кои треба д...
Невестата го изгубила видот - гостите на свадбата ставиле превез на очите за поддршка Таа го изгубила видот на 27 години, а својот сакан го запознала подоцна и никога...
Ја откажале свадбата со 200 гости и се венчале речиси сами на покривот од својата зграда (фото) „На крајот од денот важна е само љубовта што ја имате еден кон друг и карантинот...