Драгана Стефановска, девојка од Куманово која студира во странство: Колку е поразлично да учиш во Русија, Холандија и Шведска?

Кога македонски студент ќе замине на школување во странство често стекнатото знаење и отвореноумноста сака да ја примени во подобрување на нашето општество. Токму таква приказна се крие зад Драгана Стефановска, дипломиран архитект и хиперактивен граѓански активист од Куманово, која во моментот ги довршува своите постдипломски студии во Шведска.

dragana stefanovska ne e vazna profesijata tuku ona sto go pravime za nasheto opstestvo 2

Таа верува дека потенцијалот на младите луѓе треба да биде промената која сакаме да ја видиме во земјата. И дека само со посветена работа и позитивен однос некој човек може да се развие како личност.

„Уште на 15 години почнав со младински активизам кој ми овозможи да ги здогледам можностите за личен и професионален развој кој ни ги нуди светот. Почнав да работам со млади луѓе од различни култури и тоа ме мотивира да си поставам цел пред себе т.е. да добијам стипендија за студирање во странство“, раскажува Драгана Стефановска.

„Сосемa случајно почнав приватно да го изучувам рускиот јазик, со што се роди неопислива љубов кон овој словенски јазик. После три години учење на јазикот отидов во Русија да ги завршам моите додипломски студии по архитектура“.

Драгана во Русија добила широко образование кое уште повеќе ѝ ги отворило видиците и не само што ги научила основите на архитектурното проектирање, истовремено се стекнала и со многу други знаења.

dragana stefanovska ne e vazna profesijata tuku ona sto go pravime za nasheto opstestvo 1

„Учев на најстариот универзитет за архитектура и градежништво во Русија каде што многу беше тешко да се запишеш особено за руски студенти затоа што тие доаѓаа од цела Русија. Странци имаше многу помалку. Таму работевме според стариот систем на образование и не по ЕКТС т.е. имавме некој вид на класична настава како во училиште. Групите беа по 15-20 луѓе, секој ден одевме на факултет, имавме лекции и практични часови и голем дел беше самостојна работа која требаше дома да ја завршиме“, открива амбициозната Македонка, која подоцна продолжува со своите постдипломски студии во Холандија.

Уште на самиот почеток станува шокирана од разликите во образованието.

„Во Русија имавме многу предмети, ама и јасни насоки како да ги завршиме задачите, а во Холандија имав два-три предмета и речиси никакво насочување, туку огромна слобода во работата“, споделува Драгана Стефановска, која смета дека тоа е една од основните разлики помеѓу образованието во Македонија, Русија и западноевропските земји.

Ни откри дека во Холандија студентите учат само она што им треба и дека професорите сами ги мотивираат студентите да одберат на што ќе се фокусираат.

dragana stefanovska ne e vazna profesijata tuku ona sto go pravime za nasheto opstestvo 5

„Таму еден професор Холанѓанец ми рече дека од негово искуство студентите од источна Европа секогаш очекуваат некој да ги ,,води’’. После некое време сфатив дека тоа има врска и со системот во земјите. Работев во градежна фирма во Македонија и Русија каде секогаш имаше јасна хиерархија помеѓу работникот и раководителот што ги прави вработените секогаш да чекаат јасни инструкции од своите претпоставени за задачите кои треба да ги направат со што ги ограничуваме можностите за развој на вработените, а и компанијата во целост. Тоа дефинитивно е една од причините зошто земјите од поранешна Југославија и поранешен Советски Сојуз се помалку развиени од западноевропските земји“, заклучува Драгана.

По Русија и Холандија, нејзините патишта продолжуваат во Шведска каде решава да ги заврши постдипломските студии и моментално е студент на Чалмерс Техничкиот Универзитет во Гетеборг. За неа Шведска е многу поразлична од она што дотогаш го има искусено.

Таму на факултет секогаш работат во група, што е новитет дури и за Драгана. Освен тоа, тие многу ја ценат групната работа и за разлика од Македонија и Русија, таму има хоризонтална организација што значи дека сите се еднакви членови и сите заедно донесуваат решенија.

Драгана смета дека ваквата организација бара многу работа со оглед на тоа што се губи многу време на дискусии, но од друга страна сите членови на тимот се вклучени во донесувањето на решението и нема лична одговорност, туку групна.

dragana stefanovska ne e vazna profesijata tuku ona sto go pravime za nasheto opstestvo 3

„Јас себеси се сметам за човек со отворени погледи и мислам дека можам да се адаптирам во секаква средина. Се разбира дека за тоа треба време, но мислам дека во денешно време многу е важно да можеме да го разбереме различниот од нас и да најдеме заеднички јазик“, раскажува Драгана, која сака луѓето во Македонија поодговорно да почнат да размислуваат и повеќе да се борат за своите соништа.

Во моментот Драгана работи во една Шведска организација Лоза Фондација која помага на ранливи групи на граѓани во Македонија, Косово, Босна и Херцеговина и Молдавија. Нивната мисија е да овозможат подобар живот на нашите сограѓани кои не можат да се борат гласно и нивна поголема вклученост во локалните заедници.

dragana stefanovska ne e vazna profesijata tuku ona sto go pravime za nasheto opstestvo 6

„Родени сме во средина каде чесните луѓе понекогаш се исмејуваат, а неодговорните луѓе можат за бидат примери во општеството. Јас сум голем оптимист и сметам дека доколку некој сака да успее во животот и да смени нешто тоа може да го направи. Вистина е дека промените не се случуваат преку ноќ и за некои работи се потребни дури и две до три генерации да поминат“, констатира Драгана, која целата мотивација ја наоѓа во татко ѝ и благодарение на тоа се бори за повисоки достигнувања во животот.

„На крајот на денот сметам дека не е важно со која професија се занимаваме туку што правиме за нашето општество. Тоа е мојата девиза за среќа и успех во животот“.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Русија: „Би сакал да се вратам во Македонија, но да имам достоен живот как... „Тука гасот е речиси бесплатен, а струјата е многу поевтина. Јас живеам во стан ...
Отец Душко Пецов е на служба во Германија: „Има сè повеќе крштевки и венчавки, Македонците се сплоту... „Во Црквата во Дортмунд доаѓаат голем број Македонци и тоа особено за големите п...
Јасмина Цветковска 9 години живее во Сиднеј: „Како инженер лесно најдов работа, но проблем се скапит... „Дипломите од природните науки, машинските струки, архитектура, електро-инженерс...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Даниел Николовски, фризер и шминкер: „Елена Ристеска ми е како сестра, Наташа Беквалац е најзабавнат... „Наташа Беквалац, која со право важи за една од најубавите жени на Балканот, е и...
Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg