Јасмина Цветковска 9 години живее во Сиднеј: „Како инженер лесно најдов работа, но проблем се скапите кирии и станбените кредити“

Дипломите од природните науки, машинските струки, архитектура, електро-инженерските струки, сите ИТ насоки, се признаени и може да се најде солидна работа по струка и да се заработува солидно. По улиците на Сиднеј незамисливо е да видите улични кучиња или мачки, ниту ѓубре… Но, најголем проблем се цените на недвижнините и кириите кои се плаќаат на неделно ниво и се движат од 700 до 1.000 долари“ - раскажува за CRNOBELO.com Јасмина Цветковска, инженер по биохемија, која 9 години живее во Сиднеј и работи во едeн од најпознатите Институти за кардиоваскуларни заболувања.

jasmina-cvetanovska-9-godini-zhivee-vo-sidnej-so-zvanje-inzhener-lesno-se-naogja-rabota-no-problem-se-skapite-kirii-i-stanbeni-krediti-01.jpg

Јасмина Цветковска е дипломиран инженер по Биохемија, а во последните 9 години работи во еден од најпознатите институти за кардиоваскуларни заболувања во Австралија, којшто воедно е еден од најдобро рангираните во светов во таа област.

Таа по потекло е од Ресен, каде ги завршила основното и средното образование, а потоа се преселила во Скопје, каде дипломирала како еден од најдобрите студенти на Природно – Математичкиот Факултет, на катедрата за Биологија, Биохемиско – Физиолошка насока.

jasmina-cvetanovska-9-godini-zhivee-vo-sidnej-so-zvanje-inzhener-lesno-se-naogja-rabota-no-problem-se-skapite-kirii-i-stanbeni-krediti-02.jpg

За CRNOBELO.com оваа успешна Македонка раскажува како со семејството пред 9 години одлучиле да ги спакуваат куферите и да си ја побараат среќата од другата страна на земјината топка, во Австралија, со кои предизвици се соочиле, но и ден-денес се соочуваат, и открива дали навистина во странство животот е полесен кога имаш стекнато квалитетно образование и универзитетска диплома.

Кои се предностите, а кои се лошите страни да се живее во Австралија и дали навистина таму сè e толку розово како што многумина се обидуваат да го опишат или постојат и други нијанси што треба да ги земете превид пред да почнете да размислувате да се преселите таму.

jasmina-cvetanovska-9-godini-zhivee-vo-sidnej-so-zvanje-inzhener-lesno-se-naogja-rabota-no-problem-se-skapite-kirii-i-stanbeni-krediti-05.jpg

Интервјуто со Јасмина Цветковска за CRNOBELO.com:

Дипломиравте во Македонија, тука ја почнавте кариерата, можете ли да ни кажете кога одлучивте дека сакате да се преселите во Австралија?

Одлуката за заминувањето во странство, а особено во прекуокеанска земја, не беше воопшто лесна.

Но, за жал севкупната ситуација во Македонија нè натера да размислуваме и на таа опција. Мојата приказна не е воопшто поразлична од приказните на многумина млади интелектуалци кои ја напуштија и сè уште ја напуштаат земјата.

За жал, во нашата земја не се препознаваат капацитетите на младите луѓе кои сакаат да се остварат во своите кариери, а со тоа да дадат придонес во развојот на сопствената држава.

Затоа пак, во западните земји и тоа како го препознаваат квалитетот и им се дава шанса на сите луѓе, од сите меридијани на земјината топка без разлика на нивната национална, партиска или каква било друга припадност.

Единствен критериум за успех е личниот капацитет и желбата за напредок. Жалосно е што со губењето на интелектуалниот капацитет, ризикуваме да си ја изгубиме државата во вистинска смисла на зборот. Се надевам дека историјата ќе нè научи нешто.

jasmina-cvetanovska-9-godini-zhivee-vo-sidnej-so-zvanje-inzhener-lesno-se-naogja-rabota-no-problem-se-skapite-kirii-i-stanbeni-krediti-07.jpg

Тешка ли беше одлуката да си заминете од Македонија и колку време траеше процесот за средување документи?

Како што напоменав во вашето претходно прашање, одлуката не беше лесна, но и останувањето во Македонија и тапкање во место не беше опција исто така.

Животот е премногу краток, секогаш треба да се стремиме да го извлечеме најдоброто од него, особено во нашите најпродуктивни години за нас лично, но и за нашите семејства.

Процедурата за добивање австралиска иселеничка виза не е лесна, напротив тоа е многу макотрпен, исцрпувачки, скап и неизвесен процес.

Ние си средивме сè сами, не користевме услуги од миграциски агенции. Австралиската веб-страница на Министерството за имиграција е премногу разбирлива, така што доколку имате солидни познавања од англискиот јазик, може да си ја средите процедурата сами и да заштедите пари.

jasmina-cvetanovska-9-godini-zhivee-vo-sidnej-so-zvanje-inzhener-lesno-se-naogja-rabota-no-problem-se-skapite-kirii-i-stanbeni-krediti-08.jpg

Сопругот е електро-инженер, програмер по професија и тој беше носителот на визата. Процесот вклучува верификација на дипломата и работното искуство од Македонија, полагање IELTS со високи оценки и апликација за виза. Откако ќе добиете потврден одговор дека сте се квалификувале за апликација на визата, следат уплатите за визата и медицински прегледи.

Ние веднаш добивме Permanent residence visa (Виза за постојан престој), што беше огромна предност затоа што ни овозможи брза интеграција во системот.

Со сите други визи, патот е многу трнлив, скап и никогаш не се знае дали ќе успеете да добиете виза за постојан престој.

Ова го кажувам затоа што слушам за многу граѓани кои, за жал, беа изиграни од неодговорни миграциски агенти.

Треба многу да се истражува и да се биде многу внимателен при вакви одлуки.

jasmina-cvetanovska-9-godini-zhivee-vo-sidnej-so-zvanje-inzhener-lesno-se-naogja-rabota-no-problem-se-skapite-kirii-i-stanbeni-krediti-16.jpg

Дали во Австралија веднаш ви ги признаа дипломите или беше потребно да се доквалификувате за да можете да работите на полето на вашата професија?

Македонската диплома ја нострифицирав во Министерството за образование на Австралија.

Да, нашата диплома од Биохемиско-физиолошката насока на ПМФ е признаена во Австралија затоа што имаме звање инженер.

Сепак, за да почнам да работам во научно-истражувачка област, требаше да волонтирам неколку месеци заради тоа што не поседував австралиско работно искуство.

Овде во Австралија најмногу го ценат практичното искуство, дипломата секогаш доаѓа во втор план.

jasmina-cvetanovska-9-godini-zhivee-vo-sidnej-so-zvanje-inzhener-lesno-se-naogja-rabota-no-problem-se-skapite-kirii-i-stanbeni-krediti-04.jpg

Дали дипломата и високото образование гарантираат добра работа во Австралија?

Во принцип да, но сепак зависи од професијата.

Некои дипломи, особено оние од опшествените науки, поголемиот дел, не се признаени во Австралија, како и секаде во светот.

Дипломите од природните науки, машинските струки, архитектура, електро-инженерските струки, сите ИТ насоки, се признаени и може да се најде солидна работа по струка, да се напредува и да се заработува солидно.

Во моментов, како и кај нас, и тука имаат голема потреба за занаетчии, но проблемот е што за добивање на виза еден од критериумите е да се владее солидно англискиот јазик, што е голем проблем за многумина не само од Македонија, туку и од светот.

jasmina-cvetanovska-9-godini-zhivee-vo-sidnej-so-zvanje-inzhener-lesno-se-naogja-rabota-no-problem-se-skapite-kirii-i-stanbeni-krediti-15.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што права... „Почесто плачам од радост, отколку од тага. Емотивна сум за блиски луѓе, за...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg