Јасмина Цветковска 9 години живее во Сиднеј: „Како инженер лесно најдов работа, но проблем се скапите кирии и станбените кредити“

Скап ли е Сиднеј за живот?

Сиднеј отсекогаш бил многу скап град за живеење токму поради сè тоа што наведов погоре.

Исто така, со оглед на тоа што Австралија генерално се сведува на неколку големи градови (останатиот дел е пустина неповолна за живот), просторот за живеење е лимитиран, и до некаде тоа ја диктира и цената на живот.

После пандемијата и војната во Украина, инфлацијата и тука вртоглаво расте и цените на режиските трошоци и храната значително се зголемија во последната година.

Најголем проблем се цените на недвижнините и кириите. Просечна цена на стан со две спални во Сиднеј, на 10km од центарот на градот се движи од 700 илјади до 1 милион долари, околу центарот и над 1,5 до 2 милиони долари.

jasmina-cvetanovska-9-godini-zhivee-vo-sidnej-so-zvanje-inzhener-lesno-se-naogja-rabota-no-problem-se-skapite-kirii-i-stanbeni-krediti-38.jpg

Кириите се исто така исклучително скапи. Тука се плаќа кирија неделно, и за солиден стан, на разумна далечина од центарот на градот, кириите се движат од 700-1.000 долари неделно што е енормно висока сум,а дури и за фамилии со добри примања.

Поради ова многу луѓе одлучуваат да се селат надвор од Сиднеј, во помалите градови или во Бризбејн, кој поради Летните Олимписки игри кои треба да се одржат таму во 2032 година, станува атрактивна дестинација со многу можности за работа и е релативно поевтин од Сиднеј, барем засега.

Околу цените во ресторани, доколку четиричлено семејство би излегло на вечера, тоа би чинело околу 200 долари, јадење и пиење.

Кафе е 4-6 долари. Алкохолот и цигарите се исклучително скапи. Мала чаша вино во ресторан чини 11-15 долари, шише вино над 60 долари. Коктели над 20 долари. Цигарите мислам дека се над 30 долари од кутија.

jasmina-cvetanovska-9-godini-zhivee-vo-sidnej-so-zvanje-inzhener-lesno-se-naogja-rabota-no-problem-se-skapite-kirii-i-stanbeni-krediti-47.jpg

Пред извесен период објавивте видео со убави зелени површини во Австралија… Сметате ли дека луѓето во Австралија се покултурни, или пак таквата средина е резултат на законите и казните?

Генерално луѓето се посвесни за животната средина, за разлика од кај нас.

Уште од мали децата се учат да бидат општествено одговорни луѓе, во што спаѓа и грижата за околината во која живеат.

Австралијанците посебно имаат многу изразени чувства за заштита на животинскиот и растителниот свет.

Многу активности во оваа област се базираат на волонтерска работа, така што секој има можност да даде сопствен придонес кон подобрување на самиот процес.

Но, секако и казнениот систем е доста ригорозен.

Имајќи го предвид фактот дека Австралија е една од земјите со најголем демографски диверзитет, што подразбира дека е населена со луѓе од буквално сите меридијани на светот, секој со различни навики и традиции, ваков строг систем е апсолутно неопходен.

Тука доаѓаме до прашањето зошто во држава како нашата со голема демографска кохерентност, не можеме да воспоставиме систем на вредности кој ќе функционира доволно добро.

Веројатно треба да поработиме многу повеќе на нашиот менталитет од мали нозе и, секако, да го подобриме нашиот законодавен систем.

jasmina-cvetanovska-9-godini-zhivee-vo-sidnej-so-zvanje-inzhener-lesno-se-naogja-rabota-no-problem-se-skapite-kirii-i-stanbeni-krediti-43.jpg

Ви недостига ли нешто од Македонија и што е тоа?

Ми недостигаат многу работи од Македонија.

Првенствено фамилијата, сите наши најблиски луѓе се во Македонија.

Ми недостигаат многу ситни, но во исто време големи работи. Мирисот на липите во јуни во Скопје, летото во Преспа и Охрид…

Сите празници поминати со фамилијата и пријателите.

Ми недостигаат планинските пејзажи, највкусната македонска кујна, топлината на македонското сонце.

Но, како што се кажува, не можеш да ги имаш сите работи подеднакво подредени во животот, секогаш нешто ќе фали.

jasmina-cvetanovska-9-godini-zhivee-vo-sidnej-so-zvanje-inzhener-lesno-se-naogja-rabota-no-problem-se-skapite-kirii-i-stanbeni-krediti-55.jpg

Што би им препорачале на луѓето што размислуваат да се преселат во Австралија? Што е она што не треба да го заборават уште пред да се качат во авион?

Би им препорачала да размислат добро пред да ја донесат конечната одлука за трајно иселување во моментов.

Сакам да кажам дека животот на Запад од ден во ден станува сè потежок, посебно за новата генерација на имигранти, особено за оние кои решаваат да ја напуштат Македонија без соодветно образование.

Не сакам никој да ме разбере погрешно, но со сегашнава стапка на инфлација и енормното зголемување на цените на храната и енергенсите, животот во странство нема да им биде многу подобар од оној во Македонија во економски аспект.

Во Македонија, горе-долу голем дел од луѓето се со решено станбено прашање, додека во странство секој е зависен од плаќање огромни кирии и прескапи станбени кредити.

Луѓе работат и по две-три работи во денот за да можат да ги задоволат основните потреби за живот.

Свесна сум за целата ерозија на системот во Македонија, но во моментов, мислам дека не е паметно време за селење надвор од сопствената земја, независно за која земја станува збор. Но секако, конечната одлука е личен избор.

jasmina-cvetanovska-9-godini-zhivee-vo-sidnej-so-zvanje-inzhener-lesno-se-naogja-rabota-no-problem-se-skapite-kirii-i-stanbeni-krediti-59.jpg

Дали размислувате некогаш да се вратите во Македонија?

После Ковид пандемијата, и поради причините кои ги наведов во претходното прашање, во моментов постои тренд на обратна миграција.

Луѓе кои долги години живеат во странство одлучуваат да се вратат во сопствените држави од каде што потекнуваат.

Лично познавам неколку такви примери.

Конкретно за нас, кратко ќе кажам, да, размислуваме на таа тема и постои веројатност да се вратиме во Македонија и да ѝ дадеме уште една шанса на една од најубавите држави на Балканот.

Секако одлуката за враќање назад не е иста за луѓе од сите професионални профили.

jasmina-cvetanovska-9-godini-zhivee-vo-sidnej-so-zvanje-inzhener-lesno-se-naogja-rabota-no-problem-se-skapite-kirii-i-stanbeni-krediti-20.jpg

Би сакала моето дете да го искуси животот во Македонија и би сакала да дадам придонес ако имам шанса барем малку за иднината на земјата во која сум се родила и пораснала.

Сепак не е сè црно во Македонија, треба да се потрудиме малку повеќе да ја почитуваме сопствената држава и себеси, тогаш мислам дека многу работи би се смениле глобално во земјата.

Сепак секоја промена почнува од самите нас!

jasmina-cvetanovska-9-godini-zhivee-vo-sidnej-so-zvanje-inzhener-lesno-se-naogja-rabota-no-problem-se-skapite-kirii-i-stanbeni-krediti-36.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што права... „Почесто плачам од радост, отколку од тага. Емотивна сум за блиски луѓе, за...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg