Никола од Скопје живее во Русија: „Би сакал да се вратам во Македонија, но да имам достоен живот како тука“

„Тука гасот е речиси бесплатен, а струјата е многу поевтина. Јас живеам во стан од 100 квадрата, каде речиси секојдневно се вклучува машина за перење облека и за садови, со клима уреди – месечно плаќаме околу 800 рубљи (8 евра), но голем проблем за мене до ден-денес е тоа што денот е многу краток во зимските месеци“ – вели во интервју за CRNOBELO.com Никола Иванов, Македонец кој 11 години живее во Русија.

nikola-od-skopje-zhivee-vo-rusija-bi-sakal-da-se-vratam-vo-makedonija-no-da-imam-dostoen-zhivot-kako-tuka-01.jpg

Никола Иванов (38) по потекло е од Скопје, а во последниве 11 години живее во Русија. Тој е оженет со Русинка, има две ќерки, а за читателите на CRNOBELO.com открива повеќе детали за тоа како изгледа животот во оваа земја и како дошло до тоа, македонското сонце да го замени за земјата на студот и снегот.

По завршување на средното образование во Скопје, Никола се запишал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде студирал руски јазик и литература, но потоа се преселил во Данска, каде што го завршил високотo образование и магистрирал во Шведска.

nikola-od-skopje-zhivee-vo-rusija-bi-sakal-da-se-vratam-vo-makedonija-no-da-imam-dostoen-zhivot-kako-tuka-04.jpg

По ова одлучил да се врати во Скопје и да работи како маркетинг менаџер, но по две години живот во родната Македонија, одлучил пак да си замине од државата и да се пресели.

Во продолжение следува целото интервју со Никола:

Како дојде да се преселите во Русија? Која беше главната причина што ве натера да си заминете од Македонија и да живеете таму?

Со жена ми, во тој момент девојка ми Светлана, се гледавме веќе 3 години и време беше да се решиме што понатаму: или создаваме семејство или се разделуваме, затоа што врска на дистанца не може долго да трае.

Во Скопје јас имав работа и свој стан и сè беше во ред, но Русија отсекогаш ме привлекувала и решив јас да одам во Русија, па ако нешто не ми се допадне секогаш можам да се вратам.

Плус на сето тоа, Светлана веќе имаше отворен свој мал бизнис во градот Орел (се изговара Арјол и значи орел), а јас имав желба да отворам нешто свое, па така решението, барем за мене лично, беше очигледно.

nikola-od-skopje-zhivee-vo-rusija-bi-sakal-da-se-vratam-vo-makedonija-no-da-imam-dostoen-zhivot-kako-tuka-02_copy.jpg

Во кој град во Русија живеете и каква е климата таму?

Живеам во градот Орёл, кој е на едно 360 километри јужно од Москва. Градот има околу 290 илјади жители, не е многу голем и не е мал. Што се однесува до климата, тука не многу ладно.

Има 4 годишни времиња - пролет, лето, есен и зима. Летото тука е супер, со средна температура околу 27-28 степени, може да се шета слободно преку цел ден, не како во Скопје кога не можеш да дишеш од 12 до 17 часот во летните денови.

Што се однесува до зимата, средната температура тука е некаде околу -5 или -10 степени Целзиусови.

Има недели кога е ладно и температурата се спушта до –25, – 28, но тие се обично во јануари и не се долги.

Голем проблем за мене до ден-денес е тоа што денот е многу краток во зимските месеци, се разденува во 8 и 30 а се стемнува во 16 и 30, и многу влијае на расположението.

nikola-od-skopje-zhivee-vo-rusija-bi-sakal-da-se-vratam-vo-makedonija-no-da-imam-dostoen-zhivot-kako-tuka-03_copy.jpg

Тешко ли беше адаптирањето на Русија? Се навикнавте ли веќе на животот таму?

Во Русија живеам веќе 11 години, и сега можам да кажам дека Русија е една од најдобрите земји за живот во Европа, а најверојатно и во светот. Особено за семејни луѓе кои имаат традиционални вредности и не ги споделуваат западните.

Мене адаптирањето ми помина доста тешко, најмногу поради промена на климата и тоа што во Орел, речиси ништо не се чисти зимно време.

Што се однесува до менталитетот на луѓето, ние, Македонците, сме многу слични со Русите.

nikola-od-skopje-zhivee-vo-rusija-bi-sakal-da-se-vratam-vo-makedonija-no-da-imam-dostoen-zhivot-kako-tuka-09.jpg

Тешка ли е постапката за стекнување руско државјанство? Што треба да знаеме пред да помислиме да се преселиме таму?

Не, постапката за стекнување руско државјанство не е тешка. Доколку имате добиено постојан престој, тогаш ќе ви се потребни години да живеете во Русија и потоа можете да аплицирате за државјанство.

Доколку склучите брак со руски државјанин, тогаш потребно е да сте во брак минимум 3 години и можете да аплицирате за државјанство.

Се наоѓа ли лесно работа во Русија? Кои сектори се најпрофитабилни, а кои се најбарани?

Работа во Русија има колку сакаш, во разни сектори. Најпрофитабилна е ИТ и сè што е поврзано со добивање гас. Би рекол дека ИТ специјалист со работно искуство од 3-5 години во Русија (во големите градови како Москва, Санкт Петерсбург) може да добива плата од 3.500 евра.

Што се однесува до работа во индустријата со гас, таму платите може да се и поголеми за инженери, топ-менаџери.

Слободни работни позиции има во сите сектори, не знам која точно професија е најбарана, но знам дека шофери на камиони се исто многу платени и секогаш има потреба од нив.

nikola-od-skopje-zhivee-vo-rusija-bi-sakal-da-se-vratam-vo-makedonija-no-da-imam-dostoen-zhivot-kako-tuka-05.jpg

Во поглед на јазикот... Лесно ли се учи рускиот, може ли да се комуницира и на англиски?

Јазикот лесно се учи, мислам дека за нас, како Словени, е многу поедноставно.

Има многу зборови во македонскиот јазик кои овде во Русија ги сметаат за староруски, и доколку би ги користеле почесто Русите, тогаш нам би ни било уште полесно.

Зборови како „срамота“, „корист“, „врата“, „ајде“ и така натаму.

На англиски најверојатно може да се разберете во големите градови каде има многу странски туристи како Москва, Санкт Петербург, Казањ и слично. Во малите градови англискиот нема да ви помогне.

Кои руски обичаи и традиции ви беа најчудни на почетокот?

Во Русија имаат празник што се нарекува Масленица. Трае една недела пред големиот пост за Велигден.

Всушност тоа е стар словенски обичај, каде една недела се организираат различни веселби и празнувања за целото семејство. Поентата на празникот е провод на долгата зима и конечно појавување на пролетта.

Цела недела е исполнета со најразлични празнувања и за секој ден има конкретно што да се прави, но задолжително за таа недела е тоа што сите, буквално сите семејства прават палачинки и одат на гости.

Палачинките симболизираат сонце и тоа што се појавува пролетта. Исто така, на последниот ден од Масленица се прави страшило, кое ја симболизира зимата, и се гори, како знак на завршување на зимата.

nikola-od-skopje-zhivee-vo-rusija-bi-sakal-da-se-vratam-vo-makedonija-no-da-imam-dostoen-zhivot-kako-tuka-07.jpg

Какви се Русите како народ? Кои се најголемите сличности, а кои се најголемите разлики со Македонците?

Како што и споменав претходно, Русите се многу слични на Македонците, и тоа е сосема нормално, бидејќи имаме исти предци.

Тоа што ми се допаѓа кај Русите, е тоа што они повеќе го ценат своето минато и своите обичаи, за разлика од нас.

Од различности би гo одвоил тоа што Русите се на прв поглед доста ладен народ, но тоа е сѐ додека не ве запознаат и не влезете во нивниот круг на пријатели и познаници, потоа е исто како и во Македонија.

Еден мој познаник Русин ми рече – Русите се како орев, мора да најдеш начин како да ја скршиш лушпата и потоа да видиш што има внатре.

Освен тоа, мислам дека Русите се помалку импулсивни отколку ние, но тоа е исто така разбирливо. Импулсивноста е карактерна црта на јужните народи.

nikola-od-skopje-zhivee-vo-rusija-bi-sakal-da-se-vratam-vo-makedonija-no-da-imam-dostoen-zhivot-kako-tuka-10.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg