Pumperzz Of The Fall со концертна промоција во Станица 26 - Љубовта кон музиката во нас сè уште расте


Pumperzz Of The Fall со концертна промоција во Станица 26 - Љубовта кон музиката во нас сè уште расте

Македонската група „Pumperzz Of The Fall“ е формирана во 2003 годин. Зад себе имаат неколку албуми. Првите два беа издадени на ЦД. А најновиот албум со наслов „All about you“ е круна на петнаесет годишнината од постоењето и првин беше издаден во електронска форма, а од неодамна и на винил. За најновиот албум зад бендот стои американската дискографска куќа „Alliance Records“. По тој повод бендот ќе настапи на 30 март во ноќниот клуб Станица 26 во организација на 3Гонга. Овој промотивен концерт како што велат музичарите од бендот е верна слика на љубовта кон она што веќе го свират и кон музиката која што ја сакаат.

pumperzz-of-the-fall-so-koncertna-promocija-vo-stanica-26-ljubovta-kon-muzikata-vo-nas-se-uste-raste-01.jpg

*Го издадовте вашиот 3 албум со наслов „All about you“ првин во електронска форма, а неодамна и на винил. Искрени честитки. По тој повод имате два промотивни концерти еден во Битола на 29 март и веднаш следниот ден во Скопје во организација на 3Гонга, настапувате во ноќниот клуб Станица 26. Што може публиката да очекува од вашиот настап?

Настапот ќе биде промоција на темите од последниот албум кој содржи една игра на ноти. Таа не карактеризира нас како бенд, а ќе се обидеме да дадеме една верна слика на љубовта кон она што веќе го свириме и кон музиката којашто ја сакаме. Значи журка од прва класа...

*Во каков состав ќе настапите?

Во комплетниот состав Ирена Димовска вокал, Даниел Митревски на гитара, Mортен Џеј на бас и Иле Лулевски на тапани.

pumperzz-of-the-fall-so-koncertna-promocija-vo-stanica-26-ljubovta-kon-muzikata-vo-nas-se-uste-raste-04.jpg

*Кога би можеле во збор да ја претопите вашата музика, како би ја дефинирале? Со кои музички жанрови најмногу сакате да кокетирате?

Ни се чини дека она што не карактеризира нас е музика која се разбира сонички, но и лирички. Кокетираме со многу стилови, но неможеме да кажеме која е маркетингшката терминологија. Во текот на снимањето се водевме со мотото на нашиот лејбл “we bring back the music” што значи музиката е музика и како таква е универзален јазик, кој неможе да се сортира во кутии или имиња на жанрови. Најважно е да имаме добра композиција и добар текст, но ако прецизираме за полесна компарација, кај нас најмногу преовладуваат рок елементи.

*Практично со овој албум потпишавте договор со американската дискографска куќа Alliance Records, која грижливо од сега па натаму ќе стои зад вашите музички продукти. Како се препознавте, како почна соработката?

Соработката почна по препорака на Владимир Мандичевски од Баги комуникации кој не насочи кон директорот на Аlliance. После неколку состаноци ние го најдовме оној универзален јазик за кој зборувавме погоре. Тоа значи разбирање за создавање на композиции кои  одговараа на нашата, но и на визијата на продуцентот кој со големо трпение не воведе во оваа насока. Во неа се препознаваме и неможеме да ја напуштиме сега кога се најдовме себеси, можеме само да се развиваме во неа се повеќе и повеќе...

pumperzz-of-the-fall-so-koncertna-promocija-vo-stanica-26-ljubovta-kon-muzikata-vo-nas-se-uste-raste-02.jpg

*Што ќе подразбира оваа соработка за вас? Ваш фуриозен извоз надвор од границите на нашава земја?

Оваа соработка ни дава можности да изградиме уште повеќе моменти за препознавање на она кои сме ние како „Pumperzz of The Fall“. Што подразбира кои сме како бенд како луѓе и како индивидуалци... Извозот воопшто не е фуриоззен, ние веќе две години чекор по чекор се подготвуваме да излеземе од нашето јазично подрачје и во форма на подготовка со вокален тренер, а и на друг план со нашиот басист кој е од Данска.

*Имате ли наскоро закажано концерти настапи на некоја од европските сцени?

 На 2 април настапуваме во PizzaExpress во Лондон , а на есен имаме планови за турнеја во Скандинавија, а исто така и кај нас низ Македонија.

*Годинава бендот одбележува 15 години од своето постоење. Доколку го свртите погледот наназад како би го резимирале вашето креативно качување вертикали?

Круната на тешката работа од повеќе години сега добива форма. А љубовта кон музиката се уште расте, како што и ние стануваме се повеќе и повеќе возрасни во секој поглед - физички, како бенд, а исто така и како родители. Сето ова не прави покомпанктни и во семејството на Alliance records.

Би можело да ве интересира:

Војо Иванов: Живеев 10 години со крокодил! Доколку не го познавате лично, сигурно сте го сретнале некаде низ Скопје. Најчес...
Каин: „Со нашата музика сакаме да го промениме светот на подобро“ Алтернативната сцена во Македонија периодов се збогати со уште еден студиски алб...
Јутјуберот Бобан Бошевски од Битола - има 14 години, интернационални н... Приказните за светските Јутјубери често знаат да им го свртат вниманието на луѓе...