Кога планините ќе станат поим за среќа - Македонка споделува искуства од нејзините планинарски експедиции

Авантуристичкиот дух на Даница Стојановска од Кавадарци никогаш не мирува. Социолог по професија, со интересна листа на хоби: планинарење, алпинизам, аутдор активности, патувања, кои во моментот ѝ се доминантна точка во животот. 

koga-planinite-ke-stanat-poim-za-sreca-zapoznajte-ja-danica-stojanovska-i-nejzinite-planinarski-ekspedicii_6.jpg

Даница е девојка чиј куфер секогаш е спакуван за некаде, слуша музика 24/7, фотографира и изработува уметнички слики од сушени листови. Таа уште од својата најрана возраст е вљубеник во природата, во адреналински случувања и патешествијата и затоа нејзиното животно мото гласи: „Adventure may hurt you but monotony will kill you“.

Даница во 2011 година почнала да пројавува интерес за планинарење, но имала потешкотии да најде друштво за да оди на планина, па решила да стане дел од планинарски клуб, каде што не морала да објаснува на луѓето зошто го прави тоа.

Нејзините активни почетоци се во планинарскиот клуб Орле од Кавадарци, а веќе подолго време е член во клубот Анапурна од Скопје.

koga planinite ke stanat poim za sreca zapoznajte ja danica stojanovska i nejzinite planinarski ekspedicii 3

„Како мала голем дел од времето го поминував на планината Кожуф, мислам дека тогаш и се појави љубовта спрема планина. Таму со други деца игравме разноразни игри, се капевме во планинската река, истражувавме, откривавме, правевме инсектариуми и хербариуми и секогаш бев дел од авантури, без разлика дали бев сама или со друштво“, се присетува Даница Стојановска на своето детство исполнето со секакви случки.

koga planinite ke stanat poim za sreca zapoznajte ja danica stojanovska i nejzinite planinarski ekspedicii 5

„Планината за мене претставува посебна магија, покра тоа што нуди голем број на бенефиции: чистиот воздух, престојот во природата, откривање на нови предели, физичка активност, мене лично најважна ми е новата енергија што ја добивам од планината и тоа се случува после секое планинарење. Секоја планина си има посебно енергетско поле, и на некој мистичен начин го менува секој аспект во мене. Мирот кој се наоѓа таму не се споредува со ништо друго“, споделува Даница за нејзиното доживување на планината, кое тешко се објаснува со зборови.

koga planinite ke stanat poim za sreca zapoznajte ja danica stojanovska i nejzinite planinarski ekspedicii 4

Планинарењето кај Даница ги развило храброста, издржливоста, стабилноста, одлучноста и ментална подготвеност, како важни сфери од човечкиот живот. А исто така, планините ѝ овозможиле пристап до места исполнети со природна убавина што истите секогаш ја прават среќна.

koga planinite ke stanat poim za sreca zapoznajte ja danica stojanovska i nejzinite planinarski ekspedicii 9

„За да бидеш планинар барем малку мора да бидеш физички подготвен, а со секој викенд поминат на планина стекнуваш повеќе кондиција. Благодарение на мојата решителност, имам доживеано сé и сешто. Еднаш на Пелистер не затекна лошо време, изненадно почна да врне, грмеше, а ние ни напред, ни назад. Немавме кај да се скриеме, та моравме да ги стегнеме забите и да пешачиме во наредните четири часа, со верба дека нема да настрадаме од некој гром“, споделува Даница дел од нејзините доживувања, која посебно го сака ноќното планинарење.

„Посетата на Олимп исто така беше настан за паметење. Тоа беше крај на декември и заедно со уште еден пријател заминавме на планинарење на екстремно снежно време, со многу магла и мраз. Одевме по зимска патека, каде што прст не се гледаше пред око и минувавме еден стрмен и висок гребен. Само еден погрешен чекор, можеше кобно да се одрази врз нас“.

koga planinite ke stanat poim za sreca zapoznajte ja danica stojanovska i nejzinite planinarski ekspedicii 2

Минатиот месец Даница била во искачување на Монблан (4808 м.н.в), највисокиот врв на Алпите, што претставувала нејзината цел за оваа година. Пред тоа го има искачено Гран Парадизо (4061м.н.в), највисокиот врв во Италија.  

„На Гран Парадизо поминав одлично. И мора да напоменам дека тоа е еден преубав дел од Алпите што вреди да се посети. Секако дека беше напорно, самиот терен си има своја тежина, а техничкиот дел на самиот врв бара посебна внимателност“, раскажува Даница.

„Но, Монблан е приказна сама за себе. После вложенот напор на Гран Парадизо, по два дена одмор во Шамони, Франција тргнав накај Монблан, кој е терен тотално поразличен од претходно. Монбланскиот масив има посебна моќ и енергија, а одењето беше преку глечерски терен. Мирисот на глечерите, ледени плочи кои пукаат, дупки од глечери, лавини кои паѓаат од околните врвови... тотално нова и друга димензија за мене, а времето нè послужи и мислам дека е вистински благослов на Алпи да имаш такво сончево време со чисто небо“.

koga planinite ke stanat poim za sreca zapoznajte ja danica stojanovska i nejzinite planinarski ekspedicii 1

Погодена од самата планина и исполнета со емоции, Даница се вратила во Македонија со нови погледи за светот и лична трансформација, која ѝ помогнала подобро да се сфати себеси.

Летово ќе си овозможи заслужен одмор, па од септември повторно се враќа на планините. Нејзината желба е во блиска иднина да го искачи Аконкагва, највисок врв во Аргентина на Андите.

koga planinite ke stanat poim za sreca zapoznajte ja danica stojanovska i nejzinite planinarski ekspedicii 7

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Даница Стојановска за искачувањето на Олимп: „Се пешачи 12 часа и еден погрешен чекор може да биде ф... „Олимп е планина во којашто се заљубив од првпат кога ја посетив во 2014 година ...
Јордан Колевски го замени Скопје за Торонто: „Животот овде е прекрасен, луѓето се топли и љубезни, р... „Овде секој ќе те поздрави иако не те познава, луѓето се топли и насмеани. Ми се...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Загорка и Мартин - семејство од Скопје кое секоја година со децата кампува во Грција: „Камперскиот ж... „Се вљубив во камперскиот живот благодарение на мојот сопруг Мартин кога првпат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg