Идеја и реализација пред која симнуваме капа - АвАв забавен парк за миленици во Скопје, кој згрижува и бездомни кучиња

Замислете вашето куче да трча по зелено пространство и да се забавува со летни лудории во базен со други кучиња, а вие пиете студено кафе и уживате во позитивната енергија… Сега тоа е возможно на само 5 километри од центарот на Скопје.

sopstvenichkite-na-av-av-hepi-dog-centarot-zgrizuvame-bezdomni-kuchinja-i-nudime-zabava-i-nega-za-vasheto-kuche-01.jpg

Кога има убави приказни во нашата земја, некако ни е топло на срцето, а приказната за АвАв Хепи Дог центарот е токму таква. Две млади полетни девојки, кои се вистински вљубенички во кучињата, покажуваат дека соништата се остваруваат и дека можете во животот да го работите тоа што го сакате.

АвАв Хепи Дог е првиот забавен парк за кучиња, лоциран на 5 километри од центарот на Скопје, пред влезот во населбата Бардовци. Сопственички на пет центарот се Михаела Поповиќ и Наде Богоевска, кои отсекогаш сонувале да основаат сопствен бизнис поврзан со кучиња.

Дог паркот е замислен како центар во кој може да се најде „сè на едно место“, односно сè она што е потребно од производи или услуги за нашите миленици.

АвАв Хепи Дог e формиран како социјално претпријатие од двете млади претприемачки и започна со работа при крајот на јуни 2018 година.

Проговоривме со нив за овој интересен проект...

Дали се сметате за вистински вљубенички во кучињата?

Уште од најмали години сме вистински љубители на кучиња, и секогаш сме се грижеле за нив, не само за нашите домашни туку и за уличните кучиња, а со тек на годините тоа прерасна во наше секојдневие.

Ние од кога знаеме за себе сме ја имале истата визија, а тоа е да создадеме заедница каде што секое куче ќе има траен дом, на секое куче да му е обезбедена основната нега и градот Скопје да биде град без улични кучиња и насилство врз животните.

sopstvenichkite-na-av-av-hepi-dog-centarot-zgrizuvame-bezdomni-kuchinja-i-nudime-zabava-i-nega-za-vasheto-kuche-02.jpg

Како изгледаше процесот на конструкција на АвАв Хепи Дог центарот?

Го подготвувавме со многу љубов, и неговата конструкција траеше скоро една цела година поради тоа што е целосно рачно изработен од рециклирани материјали, од нас самите и помала група на волонтери, пријатели и роднини, а е во целосна согласност со нашите вредности и верувања да бидеме одговорни кон животните и животната средина.

Мисијата на АвАв Хепи Дог како компанија е „да се подобри квалитетот на животот на кучињата и трајно вдомување на уличните кучиња преку нивно времено згрижување, а воедно и создавање на пријатен простор со многу содржини за едукација, забава и игра на домашните миленичиња и нивните сопственици, со цел на едно место да се најдат сите потребни производи и услуги.

sopstvenichkite-na-av-av-hepi-dog-centarot-zgrizuvame-bezdomni-kuchinja-i-nudime-zabava-i-nega-za-vasheto-kuche-09.jpg

Од каде идејата за овој проект?

Идејата се разви многу спонтано, во суштина секој којшто има миленик кај нас го има истиот проблем, многу е тешко да отидеш каде било со куче, да се забавуваш и да се чувствуваш слободен и релаксиран. Во светот е добро познат овој концепт на забавни паркови за кучиња, односно специјални паркови и центри каде може во исто време да се забавуваат и сопствениците и милениците, односно во исто време да има можност за нега на миленикот, храна и сè она што е потребно на еден сопственик на куче.

Сакавме да создадеме центар во кој секој ќе се чувствува пријатно со својот миленик, ќе се разменуваат искуства, ќе се одржуваат јавни настани со различни содржини, акции за вдомување на напуштени кучиња и ќе се подига свеста и одговорноста кон добра нега на кучињата од страна на сопствениците, но и од останатите граѓани, а особено на децата како идни сопственици на кучиња.

sopstvenichkite-na-av-av-hepi-dog-centarot-zgrizuvame-bezdomni-kuchinja-i-nudime-zabava-i-nega-za-vasheto-kuche-04.jpg

Какви активности и услуги за забава на кучињата нуди АвАв Хепи Дог?

За сега во паркот има специјално ограден дел за вежба и игра на кучиња, со рампи за вежбање, таканаречени рампи за агилност и тренинг на кучиња, дел за водени играрии, со базен за кучињата, песок и гуми и трева за слободно истрчување на кучињата.

Имаме и салон за шишање и бањање на кучињата и пет шоп во којшто веќе има пекарница за здрава храна за кучиња со домашно подготвени тритови и специјални сладоледи за кучиња, а планираме да се продаваат и рачно изработени еко автентични производи за кучиња.

Веќе функционира и дневниот престој или градинката за кучиња која работи од 9 до 17 часот, за која се заинтересирани многу љубители на кучиња кои живеат во станови или се презафатени да ги обезбедат редовните потребни физички активности на нивните миленици. Во иднина планираме да отвориме и хотел за кучиња, каде ќе се чуваат миленици кои се навикнати на домашни услови.

sopstvenichkite-na-av-av-hepi-dog-centarot-zgrizuvame-bezdomni-kuchinja-i-nudime-zabava-i-nega-za-vasheto-kuche-10.jpg

Дали има и катче за сопствениците?

Секако има кафуле во кое слободно се освежуваат и забавуваат сопствениците. Интересно е што покрај тоа што милениците си запознаваат и си играат со нови другарчиња во парковите, во кафулето има многу дружба и забава на самите сопственици.

Во секој случај има многу позитивна енергија и многу насмеани, релаксирани и расположени луѓе и кучиња.

sopstvenichkite-na-av-av-hepi-dog-centarot-zgrizuvame-bezdomni-kuchinja-i-nudime-zabava-i-nega-za-vasheto-kuche-07.jpg

Најубавото искуство што сте го имале со некое куче досега…

Првиот пат кога едно куче не сакаше да влезе во автомобилот на сопственикот со намера да го напуштат паркот по неколку часови игра и забава во АвАв хепи дог, за нас беше момент за паметење за цел живот. Знаевме дека сме ја постигнале целта, а тоа е нивната среќа и радост при престојот кај нас.

Сега веќе тоа е појава која редовно ни се случува, а тоа е сè уште е најубавото искуство што постојано го доживуваме и ни дава потврда дека сме на вистинскиот пат.

sopstvenichkite-na-av-av-hepi-dog-centarot-zgrizuvame-bezdomni-kuchinja-i-nudime-zabava-i-nega-za-vasheto-kuche-05.jpg

Дали Македонците вложуваат доволно љубов во негата за своите миленици?

Со сигурност тврдиме да, но не сите. Не можеме да генерализираме. Во АвАв доаѓаат сопственици кои навистина ги сакаат и негуваат своите миленици.

Но, знаеме дека во Македонија сè уште свеста за одговорно сопствеништво, што значи одговорноста за добра нега и чување на миленик, не е на потребното ниво. Затоа и ние како социјално претпријатие сме насочени да работиме на тој проблем. Веќе инвестиравме и подготвивме брошури и едукативни материјали за одговорно сопствеништво, нега на миленик, правила за однесување во јавен простор, значењето на стерилизацијата итн.

Планираме да започнеме и со едукација, а особено на најмладите како идни одговорни сопственици и многу други активности за да помогнеме во решавање на проблемот со уличните кучиња како многу сериозен проблем, особено за напуштањето на милениците и нивното посвојување и како треба да реагира секоја одговорна заедница.

Нашата крајна цел е да помогнеме да се направи стационар за бездомни кучиња на територијата на Општина Карпош, но којшто ќе функционира по сите европски стандарди.

sopstvenichkite-na-av-av-hepi-dog-centarot-zgrizuvame-bezdomni-kuchinja-i-nudime-zabava-i-nega-za-vasheto-kuche-03.jpg

Велат „најдобрата терапија има крзно и 4 нозе“… На кој начин милениците им влијаат позитивно на нивните сопственици?

Тука ќе мора да ја цитираме „Кучешката повелба за здравјето на човекот“, напишана врз основа на научни истражувања, која ја има објавено Адријан Бурдер, од Дог Траст, најстарата aнглиска донаторска организација за кучиња, а со која ние имаме веќе воспоставено соработка.

Накратко ние веруваме дека сопствениците на куче се поздрави, со помалку нервози, поради фактот што заради потребите на кучето тие многу повеќе се физички активни и повеќе престојуваат во природа на свеж воздух, а со тоа го намалуваат крвниот притисок, помалку се подложни на стрес, анксиозност и депресија. Сопствениците на куче заради подвижноста и пешачењето се многу повитални, со зајакнат имунитет и отпорност на организмот.

Научно е докажано дека присуството на куче помага и во развојот на деца со аутизам или на деца со потешкотии во развојот. Исто така и дека сопствениците на куче побрзо закрепнуваат од срцев удар. А посебна тема е позитивната енергија, љубовта и племенитоста на луѓето кои се грижат за животни.

sopstvenichkite-na-av-av-hepi-dog-centarot-zgrizuvame-bezdomni-kuchinja-i-nudime-zabava-i-nega-za-vasheto-kuche-09.jpg

sopstvenichkite-na-av-av-hepi-dog-centarot-zgrizuvame-bezdomni-kuchinja-i-nudime-zabava-i-nega-za-vasheto-kuche-11.jpg

sopstvenichkite-na-av-av-hepi-dog-centarot-zgrizuvame-bezdomni-kuchinja-i-nudime-zabava-i-nega-za-vasheto-kuche-08.jpg

sopstvenichkite-na-av-av-hepi-dog-centarot-zgrizuvame-bezdomni-kuchinja-i-nudime-zabava-i-nega-za-vasheto-kuche-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бразилецот Клаудио за посетата во Македонија: „Македонките се преубави, таксистите наплаќаат трипати... „Локалците, кои јас ги запознав, се навистина заинтересирани за странци, посебно...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Бобан Алексов живее 6 години во Данска: „Заминав 'на слепо', работа најдов случајно на Фејсбук, живо... Боби Алексов (37) од Скопје, 6 години живее во Оденсе, Данска. За себе вели дека...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Ирина од Скопје чува сфинкс мачка: „Нала многу сака да се гали и не е дива, идеална храна ѝ е сирово... „Нала е премногу мила и секогаш е расположена за галење. Воопшто не е дива како ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg