Ивана Јанковска, Македонка која има студирано во неколку европски држави, споделува искуства


Ивана Јанковска, Македонка која има студирано во неколку европски држави, споделува искуства

По завршување на средно образование доаѓа период во животот кога човекот се соочува со донесување на некои од најважните одлуки, каде да го продолжи образованието и во која насока да отпочне да го креира сопствениот живот.

ivana-jankovska-makedonka-koja-ima-studirano-vo-nekolku-evropski-drzavi-ova-shto-ne-e-zasluzen-nema-nikogas-da-go-pocituvash-kako-ona-za-shto-samiot-se-imashi-izboreno_6.jpg

Упорноста и вербата на Ивана Јанковска од Куманово ѝ овозможиле своите студентски денови да ги помине во Словачка, Чешка, Германија, Италија и Холадиjа, студирајќи на престижни универзитети. Образованието го започнала во Словачкиот земјоделски универзитет во Нитра, потоа продолжила на Универзитетот Politecnica delle Marche во Италија, па на Универзитет Пардубице во Чешка, била дел од специјалистички семестар на Универзитетот Утрехт, Холандија и од Мастер програмата Интернационален мастер во одржлив развој во Лапјциг.

„Решив да студирам во странство со цел да добијам поквалитетно образование, да се стекнам со нови искуства, да се запознаам со нови места, а воедно и да научам нови јазици и да ги усовршам оние кои дотогаш ги познавав“, раскажува Ивана Јанковска.

Вели дека Европа ѝ обезбедила различен и поквалитетен тип на образование со искусни професори, можности за пракса и универзитетски библиотеки кои биле отворени 24/7. Освен што била дел од додипломски и магистерски студии, има учествувано на Еразмус семинари во Велс и во Полска. Била дел и од семинари во Германија, а исто така имала можност да оди и на Еразмус стаж во Берлин, како учесник од Германија била на семинари во Македонија и Турција. Исто така учествувала и на летен јазичен курс по германски јазик во Австрија.

ivana jankovska makedonka koja ima studirano vo nekolku evropski drzavi ova shto ne e zasluzen nema nikogas da go pocituvash kako ona za shto samiot se imashi izboreno 1

„Во Словачка ме прифатија како своја. Секогаш ме поддржуваа во моите апликации за стипендии и ги уважуваа моите напори да се активирам и во невладиниот сектор покрај студиите. Два пати бев прогласена за студент на генерација при факултетот, а на крајот ја добив и титулата најдобар апсолвент во генерацијата“, се присетува Ивана на своите достигнувања.

„Во Холандија бев изложена на многу различен стил на образование каде покрај постојаната работа во групи на кратки рокови, бев и постојано изложена на давање на сопствено мислење и препораки на различни студии, некои изработени и од моите професори. Студиите во Германија беа помеѓу Словачкиот и Холандскиот образовен систем. Имав можности, но не морав да работам во тимови“.

ivana jankovska makedonka koja ima studirano vo nekolku evropski drzavi ova shto ne e zasluzen nema nikogas da go pocituvash kako ona za shto samiot se imashi izboreno 2

Ивана најлесно се има прилагодено за време на стажот во Брисел. Многу ѝ се допаднала меѓународната атмосфера. Вели дека таму нема простор за судење, предрасуди и секој си е свој, а во исто време не го троши времето за осудување на другите.

Животот во Брисел ѝ овозможил повеќе можности и бесплатно присуство на многу конференции и семинари на кои можело да се обезбеди можност за дискусија со политичари и менаџери на доста високи позиции.

ivana jankovska makedonka koja ima studirano vo nekolku evropski drzavi ova shto ne e zasluzen nema nikogas da go pocituvash kako ona za shto samiot se imashi izboreno 3

„Би сакала младите многу поактивно да ги користат можностите за стажирање и поминување на дел од студиите или по студиите преку Еразмус програмата во странство. Потоа можат многу од работите да ги гледаат од друга перспектива, а воедно и ќе ја променат постепено моменталната ситуација тука“, споделува Ивана Јанковска, која сака да ги мотивира младите од Македонија да преземат нови чекори во сопствените животи.

ivana jankovska makedonka koja ima studirano vo nekolku evropski drzavi ova shto ne e zasluzen nema nikogas da go pocituvash kako ona za shto samiot se imashi izboreno 4

„Сонувам Македонија да стане членка на Европската Унија. Тоа е доста долгорочен, но не и невозможен сон. Во тие услови јас би можела да го применам знаењето кое го здобив во Европската Комисија. Мотивација ми се секако условите кои се нудат на вработените во Брисел, но и иднината која би ја имала Македонија, која веќе ја гледам имплементирано во земјите од Вишеград групата“, споделува Ивана.

„Како за крај би сакала да кажам дека нема цена она што ќе го достигнеш сам. Сé што ти е дадено и не е заслужено нема никогаш да го почитуваш како она за што самиот се имаш изборено“.

ivana jankovska makedonka koja ima studirano vo nekolku evropski drzavi ova shto ne e zasluzen nema nikogas da go pocituvash kako ona za shto samiot se imashi izboreno 5

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Владимир Чурлиновски: „Кутија цигари во Виетнам е 25 денари, резерваци... Овој Македонец вели дека во Катар те почитуваат како работник, а во Тајланд луѓе...
Ивана Младеновска: „Малта е преполна можности, мана се само сообраќајн... Секој си го следи животниот пат. И пробува колку што е можно повеќе да се придрж...
Work&Travel искуство на две кумановки: „Работевме во Burger King, се д... За време на студирањето секогаш треба да се искористат можностите што им се нуда...