Иван Ајнштајн: Ако успеам да го преобразам светот во безгрижно дете, нема да има ни мене што да ме загрижува

Го знаеме како рапер, јутубер, дечко со голем ентузијазам за животот. Човек, кој е познат на помладата генерација и чиј хумор знае да создаде завист. 

ivan-ajnshtajn-ako-uspeam-da-go-preobrazam-svetot-vo-bezgrizno-dete-nema-da-ima-ni-mene-shto-da-me-zagrizuva-01.jpg

Да, тоа е Ајнштајн, не научникот Алберт, туку Иван Ајнштајн од Скопје, кој на самиот почеток од месец август ја објави својата нова песна Вдиши. За негово изненадување истата се искачи на #1 трендинг на YouTube во Македонија.

Вели дека ниедна песна ја нема работено со толку љубов и посветеност како Вдиши.

„Песната првпат ја снимив пред 2 години на некое рандом реге битче дочорупано од јутуб. Ми звучеше многу поубаво од тоа што очекував. Можно е тоа да ми беше првпат да се осмелам да запеам во моја песна, пошо нели, раперите не пеат, срамота е тоа... Толку се вљубив во песната што не можев да дозволам да ми остане во „архивата на нечуените“. Одлучив да биде целосно авторско дело, а не обична песничка снимена од досада. Мојот вечити продуцент Анѓело Николовски од Skopje Crew ми зготви убав бит, а Валентин Видовиќ – ValiSax смисли мелодија и отсвире неколку инструменти: гитара, бас, труба...

Благодарение на мојата пребирливост и желба за совршенство, овој процес траеше 2 години, за конечно да го добијам посакуваниот продукт и решив несебично да го подарам на мојата публика, која уште пред 2 години беше известена за постоењето на ова дело. Гордан Божиновски од продукцијата Urban Records со задоволство го сними и направи спотот за мојата омилена песна и тоа баш онака како што го замислував; One-Shot видео со многу позитивни личности во него“ - раскажува Иван.

Без да испадне контрадикторен, Иван за себе вели дека не е оптимист, туку напротив – песимист. Со тоа сака да каже дека секогаш го очекува најлошото и невозможно е нешто да го разочара.

Ако навистина се случи најлошото, утеха му е во тоа што не се ни надевал на подобро, а го прави среќен сé што е барем малку подобро од најлошото. Ова најубаво го објаснува со следниве стихови:

„Паѓаш во река, излагаш и сфаќаш дека
Секое мало парче од животот е среќа“

Иван Ајнштајн додава дека секогаш треба да го цениме и да бидеме благодарни она што го имаме, наместо да се грижиме за она што го немаме. Тоа според него е многу лесен трик за константно убав живот.

ivan-ajnshtajn-ako-uspeam-da-go-preobrazam-svetot-vo-bezgrizno-dete-nema-da-ima-ni-mene-shto-da-me-zagrizuva_1.jpg

„Инспирација за песната ми е самото ова размислување за животот што го имам оформено и сакав да го споделам со сите“, открива Иван.

„Музиката е најдобро средство за јавно изразување, а јас се сметам за способен да ја направам. Помагајќи им на други луѓе, на некој начин со ова си помагам и самиот на себе, затоа што ако успеам да го преобразам светот во безгрижно дете, нема да има ни мене што да ме загрижува. Во овој момент секој треба да размисли и да одбере дали неговиот краток живот да го потроши во тага или радост“.

ivan ajnshtajn ako uspeam da go preobrazam svetot vo bezgrizno dete nema da ima ni mene shto da me zagrizuva 2

Вдиши е сосема ново и неочекувано достигнување во YouTube, а и во музичката кариера на Иван Ајнштајн. Како и за сé во животот, така и за ова, воопшто не очекувал дека песната ќе им се допадне на толку многу луѓе.

За него ова значи поминување на едно ниво и одење на следно, каде го чекаат нови предизвици и врати за отклучување. Самата посветеност што ја поседува Иван сведочи дека тој никогаш нема да престане да работи на достигнување на своите соништа, што истовремено му претставува и поттик да продолжи да дише.

ivan ajnshtajn ako uspeam da go preobrazam svetot vo bezgrizno dete nema da ima ni mene shto da me zagrizuva 3

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
„Пред 45 години успеав да ја заведам единствената жена која посакав да ми роди деца“ – Жељко Самарџи... „Во брак сме 45 години и заедно пребродивме многу убави, но и тешки животни моме...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg