Љупче Шишковски: „Плажите на Занзибар се рајски, а Масаи племето е незаборавна глетка“

„На еден припадник на Масаи племето му дадов моја облека, беше премногу благодарен. Станавме пријатели и сè уште се допишуваме преку апликацијата What’s up. Занзибар дефинитивно е прекрасно искуство“, вели 34-годишниот скопјанец.

ljupche-shishkovski-plazhite-na-zanzibar-se-rajski-a-masai-plemeto-e-nezaboravna-gletka-01.jpg

Индонезија, Малезија, Бали, Сингапур, Куала Лумпур се дел од егзотичните дестинации кои 34-годишниот Љупче Шишковски од Скопје ги има посетено досега.

Последна во низата беше Занзибар. Станува збор за архипелаг во Индискиот океан во Источна Африка.

Вели дека не го воодушевува архитектурата и сака да ужива во убавините на природата, па така дестинациите секогаш ги бира да бидат сосема поинакви од тоа што Македонија и европските држави може да понудат.

Со него проговоривме за неговиот престој во Занзибар и впечатоците оттаму.

Како оваа афричка дестинација ти падна на ум за одмор?

Желбата за патување пред сè и постојаното истражување по социјалните мрежи за убави плажи и активен одмор беа предуслов за избор на Занзибар како една од омилените дестинации.

Финалната одлука беше поклопувањето на тајмингот и доброто друштво.

ljupche-shishkovski-plazhite-na-zanzibar-se-rajski-a-masai-plemeto-e-nezaboravna-gletka-08.jpg

Колку дена престојуваше и првиот впечаток за Занзибар по слетувањето таму?

Поминав 11 дена на Занзибар. Првиот ден нè пречекааа облаци кои веднаш се расчистија, но се чувствуваше позитивно расположение и покрај напорниот пат.

Сликата беше покомлетна кога го видов океанот.

ljupche-shishkovski-plazhite-na-zanzibar-se-rajski-a-masai-plemeto-e-nezaboravna-gletka-06.jpg

Колку чини еден ваков аранжман?

Кога ќе се соберат сите трошоци без 1.500 евра не би можеле да минете.

ljupche-shishkovski-plazhite-na-zanzibar-se-rajski-a-masai-plemeto-e-nezaboravna-gletka-02.jpg

Кога ќе се спомене Занзибар нè потсетува на тиркизна вода и недогледни бели песочни плажи... Дали фотографиите што ги гледаме на интернет се вистинска слика за реалноста?

Сликите се многу реални, но да не ја заборавиме плимата и осеката кои доста драстично го менуваа пејзажот, a со тоа и планирањето на фотографирањето на плажа.

ljupche-shishkovski-plazhite-na-zanzibar-se-rajski-a-masai-plemeto-e-nezaboravna-gletka-07.jpg

Каков е народот? Колку стапи во комуникација со локалното население?

Поголем дел од населението е од муслиманска вероисповед, а мал дел хинду. Сепак, се навикнати на туристи и се многу слободни во коминикација.

Ние бевме сместени во малото село Џамбиани на источниот брег, каде дефинитивно сè уште може да се почувствува и духот на локалниот живот. Границата на хотелот и локалните жители не беше така висока, како што видовме на другите делови, каде им беше забранет и влез.

Овде поголем дел од нивното секојдневие минува на плажа. Дечиња трчаат насмеани и викаат Џамбо (што на локален сфахили јазик значи „здраво“) ти бараат слатки, кои кај нив се реткост, или ти нудат овошје со насмевка и интересен пристап: „For you my friend, only 5.000 shilings“ (танзаниски шилинзи е локалната валута, а 100 евра се 250.000 танзаниски шилинзи).

ljupche-shishkovski-plazhite-na-zanzibar-se-rajski-a-masai-plemeto-e-nezaboravna-gletka-04.jpg

Благодарение на плимата и осеката на океанот, жените преку ден собираа алги кои ги користеа за козметика и лекарства. Облечени беа во колоритни фустани со турбани на глава, носејќи и до 25 килограми товар, одржувајќи баланс.

Мажите се ноќна смена и ловат риба, краби, октоподи. Морската храна им е преубава во сите локали.

Интересна глетка е Масаи племето, кое е дојдено од копнениот дел на Танзанија со цел да заработат препродавајќи сувенири или работејќи во хотелите како обезбедување. Тие се впечатлива глетка со својата традиционална облека и изглед. Поголемиот дел од нив веќе знаат англиски, колку за основна комуникација, така што запознавањето со нив е неизбежно.

Драго ми е да кажам дека нашата група има и масаи пријател Кирди Кирди Муа. Му дадов моја облека, беше премногу благодарен. Станавме пријатели и сè уште се допишуваме преку апликацијата WhatsApp.

ljupche-shishkovski-plazhite-na-zanzibar-se-rajski-a-masai-plemeto-e-nezaboravna-gletka-03.jpg

Какви се цените, сместувањето и што сè нуди Занзибар за туристите?

Околу 10 евра се доволни за еден ручек, 2-3 евра пиво, а сместување има од скромни до луксузни хотели за сечиј џеб. Луксузните имаат стакло на прозорците, a поскромните само мрежа и дрвени вратички.

Занзибар може да биде активен одмор доколку сакате. Има доста тури како турата со зачини (мала фарма на зачини и овошје), која ја препорачувам, доста едукативна, но и вкусна. Имаше дегустација на 15 видови овошја. Потоа посета на острови, на националниот парк населен со мајмуни и што уште не.

ljupche-shishkovski-plazhite-na-zanzibar-se-rajski-a-masai-plemeto-e-nezaboravna-gletka-05.jpg

Од кои земји имаше туристи во Занзибар?

Најмногу туристи имаше од Србија и Англија, а сретнав и неколку Македонци.

Занзибар станува атрактивна дестинација сè повеќе и повеќе. Зимава планираат да патуваат многу луѓе, кои веќе се консултираа со нас за нашето искуство таму.

ljupche-shishkovski-plazhite-na-zanzibar-se-rajski-a-masai-plemeto-e-nezaboravna-gletka-13.jpg

Најзабавна ситуација која ти се случи за време на патувањето...

Гледајќи фудбалски натпревар меѓу припадниците на Масаи племето на плажа, видовме како играат со нивните мачети на себе и сфативме дека не ги вадат никогаш.

Интересно беше и што на една тура со брод капетанот на бротчето нè изненади носејќи македонски дрес. Позитивно искуство беше и локалната дискотека каде имаше интернационален микс од луѓе, музика, забава, но и многу насмеани лица.

ljupche-shishkovski-plazhite-na-zanzibar-se-rajski-a-masai-plemeto-e-nezaboravna-gletka-12.jpg

Дали би им ја препорачал оваа земја како туристичка дестинација на другите?

Дефинитивно да, но не за секој. Задолжително е да имате авантуристички дух.

Фотки од неговото патување:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Моника и Никола патуваа од Скопје до 3 грчки острови со скутер: „Поминавме 1.800km, ни се запали куф... „На пат кон Атина имавме мало патешествие, кое за среќа нè чинеше само 2 изгорен...
Бетика, Ледената Македонка за посетата на Занзибар и Кенија: „Секаде патував сама и се чувствував бе... „Запознав многу локалци во Занзибар, им се восхитував на позитивната енергија шт...
Сања Мишковски за одморот на Тасос: „Бевме сместени во Скала Потамиа, островот има рајски плажи, а д... „Патувањето до Тасос воопшто не е напорно. Од Скопје се патува околу 5 часа со а...
Брачен пар од Битола патуваше со мотоцикл до Италија: „За 40-тиот роденден си се почестивме со незаб... „Оваа година јас и сопругот Александар наполнивме 40 години, па сакавме да се по...
„Од Скопје до Лефкада патував 8 часа, ме восхити старица што скокна со падобран - Зошто постојано се... Последниве 10-12 години секогаш кога почнуваат муабетите и плановите за летување...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg