Најлудите интервјуа за работа

najludite-intervjua-za-rabota-povekjeСте облекле ново одело, CV-то ви е во раце, сте тргнале на интервју за работа мислејќи дека сте потполно подготвени да се соочите со потенцијалниот работодавец.


Меѓутоа, доколку ја сакате работата од соништата, немојте да се изненадите ако ве прашаат кој диносаурус би сакале да бидете.

Одредени работодавачи применуваат техника на „екстремно интервју“ па можно е на разговорот за работа помеѓу прашањата да се појави и „Доколку сте диносаурус, кој би биле?“


Диносаурус тактика

najludite-intervjua-za-rabota

Иако велат дека начинот на кој кандидатот ќе се снајде при одговарањето на прашањата е поважен од самиот одговор, шансите да ја добиете работата се многу мали ако како одговор одберете Tyrannosaurus rex.

Наводно, несреќниот кандидат на таков одговор од работодавачот добил констатација: „Аха, значи вие сте канибалски предатор кој се храни со послабите, зарем не?“

Ако се одлучите за Diplodocus, нема да поминете ништо подобро. Логичната реакција на претпоставениот за ваков одговор би била „Значи вие сте сексиста?“

Ваквата „диносаурус тактика“ е омилена помеѓу градските работодавачи затоа што одговорот скоро секогаш е T-rex и е дел од бизарните прашања кои имаат за цел да се види како реагираат кандидатите во непредвидливи ситуации.

Оваа техника е дизајнирана за да ги издвои исклучителните кандидати во време кога една четвртина од дипломците се невработени и е создадена во калифорниската Силиконска долина.

Како би се снашле вие?

Ова се прашањата кои биле поставени на потенцијалните кандидати за вработување:

- Ако сте бисквит, кој вид би биле?
- Наведете пет примени на хефталка во која нема спајалици?
- Набројте три песни на Лејди Гага?
- Ако имате песочен часовник од четири минути и песочен часовник од седум минути, како точно би измериле девет минути – а при тоа да не ви требаат повеќе од девет минути?
- На скала од еден до десет, колку сте чудни?
- Кој телевизиски лик е најсличен со вас?
- Дали издишувате топол воздух?
- Дали ве фасцинира животот?
- Собата, масата или автомобилот- што прво би исчистиле?
- Што мислите за градинарските џуџиња?


50 страници со прашања

Gооglе е познат по интензивните процеси за интервју, понекогаш за подготовка за интервју на потенцијалниот вработен се користат папки и до 50 страни.

Едно од скорешните прашања кое било поставено гласело: „На пуст остров сте. Имате 60 секунди да одберете десет луѓе со различни професии што ќе дојдат со вас. Кого ќе одерете? Почнете!“

Производителот на компјутери Hewlett-Packard преферира прашања како што се: „Ако германците се над сите луѓе на светот, како би го докажале тоа?“ – алудира на првиот стих на германската химна: "Deutschland Deutschland uber alles" (Германија над сè).

Идејата за екстремно интервју е да се види колку бргу кандидатот размислува „на нозе“, а еден од пионерите на оваа идеја бил и покојниот Стив Џобс, кој во една прилика соочувајќи се со кандидат за кого сметал дека е досаден, почнал да имитира пиле, мавтајќи со рацете и колвајќи за да ја оцени реакцијата на кандидатот.

Сте имале ли вие необично интервју?

Би можело да ве интересира:

Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg