5 совети како да го преживеете отказот и барањето на новата работа

Без разлика што отказот може да ви се чини како крај на светот, обидете се во таквата ситуација да пронајдете позитивни страни.

5-soveti-kako-da-go-preziveete-otkazot-i-baranjeto-na-novata-rabota

Времето на барање работа може да ви го олеснат следниве пет совети кои ќе ви помогнат полесно да го преживеете отказот и периодот кој следи до пронаоѓање на нова, а можеби и подобра работа.

1. Сфатете дека не сте виновни
Губењето на работата од разни причини кои денес немаат поврзаност со квалитетот на вработениот, туку со економската криза е реалност која секојдневно нè погодува. Затоа важно е да се сфати дека вината и одговорноста не е ваша, туку причина за тоа се проблемите на работодавачот.

2. Немојте да тагувате во тишина
Се чувствувате засрамено, повредено, лути сте, загрижени за иднината? Тоа се нормални емоции ако сте добиле отказ. Важно е да се знае дека вртлогот на емоциите не треба да го држите во себе и дека не треба да се плашите да им кажете на другите како се чувствувате.
Освен со партнерот и најдобриот пријател/пријателка, корисно би било да поразговарате и со некој од страна кој ќе ви даде објективна перспектива.

3. Правете нешто
Станете рано и отидете да трчате, или брзо да одите. Соберете ги сите книги кои сте сакале да ги прочитате и најпосле да им се посветите, волонтирајте, почнете да пишувате блог... Окупирајте се со драги луѓе и обидете се да уживате во убавото што ве опкружува.

4. Истакнете ги своите вредности
Пред да почнете да пишувате молби за работа запрашајте се дали претходната работа била онаа која навистина сте сакале да ја работите. Потсетете се на другите работни места на кои сте биле и кои се вашите вештини и вредности со кои најмногу би можеле да придонесете на саканото работно место.

5. И ова ќе помине
Сетете се на најсреќните моменти во животот и како сте мислеле дека тоа чувство ќе трае вечно, но не траело. Исто така ќе помине и овој лош период.
Запомнете го тоа ако се најдете во период помеѓу две работи. И она што е најважно, немојте да се запоставите. Тоа ќе ви помогне да ја задржите реалната перспектива на моменталната ситуација и овој период полесно да го поминете, додека идната шанса за работа не ви тропне на врата.

Би можело да ве интересира:

Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg