Како да одржите позитивен став додека сте во потрага по работа?

Барањето работа, особено ако тоа долго трае, знае да биде исклучително напорно, нервозно и негативно да се одрази врз психичкото здравје на поединецот, правејќи да се чувствува демотивирано и депресивно. Да се остане позитивен во ваков случај, секако не е лесно, но ви нудиме совети кои ќе ви помогнат.

kako-da-odrzite-pozitiven-stav-dodeka-ste-vo-potraga-po-rabota-1

Држете се до распоредот

Тоа што во моментов немате работа, не значи дека треба да се опуштите во секоја смисла и да ги минувате деновите во кревет, правејќи – ништо. Станувајте секој ден во разумно време, истуширајте се, облечете се и ни под разно немојте денот да го минувате во пижами. Со секој почеток на денот, најпрво проверете ги новите огласи за нови работни места, испратете автобиографија и направете си план за остатокот од денот. На овој начин ќе го спречите чувството на бескорисност.

Вежбајте го умот

Немојте да закржлавувате умствено, вежбајте го умот. Учете јазик преку интернет, решавајте логички задачи и крстозбори, читајте книги и бидете во тек со случувањата. Не му давајте на вашиот мозок да заспие.

Не се затворајте во четири ѕида

Иако барањето работа може да се прави и од дома, сепак незаменливо е да контактирате со други луѓе. Излезете од дома, запознавајте нови луѓе и ширете познанства. Контактите со луѓе може да се покажат како драгоцени во иднина.

Бидете физички активни

Луѓето кои се вработени се жалат дела немаат слободно време, па затоа не спортуваат и не се рекреираат. Ако веќе немате работа, бар имате време за овие активности. Облечете тренерки и патики и тргнете во подобрување на физичката форма. Физичката активност ќе ја разбие монотонијата, а воедно ќе направи да се чувствувате многу подобро.

Запомнете дека не сте сами

Иако мислите дека само вие немате работа и им одите на нерви на оние на кои за тоа постојано им се жалите, сепак не сте сами. Сите некогаш биле невработени, а повеќето имале проблеми одека најдат работа. Затоа, слободно зборувајте за тоа што ве мачи. Можеби токму така ќе налетате на некој кој ќе ви понуди работно место.

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg