Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како канцелариската работа влијае на вашето здравје?

Иако стресот е еден од најголемите проблеми на денешницата, постојат уште многу начини на кои канцелариската работа го уништува здравјето. Дознајте ги и на време заштитете се.

kako-kancelariskata-rabota-vlijae-na-vaseto-zdravje-01

Ризик од дијабетес

Ако најголемиот дел од денот го минувате седечки, треба да знаете дека сте на ризик да добиете дијабетес од тип 2. За превенција правете кратки пауза на секој час до два и прошетајте или испијте го кафето на нога, наместо да седите.

Изместување на колковите

Жените со широки колкови има поголеми шанси да патат од истегнување заради секојдневното седење, токму заради оптеретувањето на карлицата. За превенција, прилагодете ја висината на столицата. Аголот на кој нозете ви паѓаат надолу нека биде 90 степени или помалку.

Вишок килограми

Премногу храна, а премалку движење доведува до овој проблем. Превенцијата е многу едноставна - На работа секогаш носете здрава храна, наместо да купувате од блиската сендвичара.

Суви очи

Затоа што денес поголем дел од активностите се врзани со компјутер, видот се влошува. Понекогаш дури забораваме да трепкаме, по што настанува сушење на окото. За да го намалите ризикот од очила или леќи, на секои 20 минути гледајте по 20 секунди во предмет оддалечен околу 6-7 метри.

Проширени вени кај жените

Долготрајното седење го зголемува ризикот од проширени вени, од кои боледуваат дури 50 проценти од жените. За превенција, носете чорапи или хулахопки со големо ниво на ликра која ќе ги притисне нозете, ќе ја подобри циркулацијата и ќе ги ублажи симптомите.

Би можело да ве интересира:

Знаци дека е време да си дадете отказ (и да најдете нова работа) Едвај станувате наутро и воопшто не можете да се замислите на истата позиција во...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
6 тајни за вашата работа, кои шефот не сака да ги знаете (а треба) Надредените знаат многу за вашата онлајн активност на компјутерот на работа, има...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Најдобрите менаџери водат со пример (работат рамо до рамо со вработените) Голем дел од незадоволството на работното место треба да им се припише на менаџе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg