Патувај и биди лидер

Студираш? Имаш желба за проширување на своите хоризонти? Бараш поинакви и корисни искуства? Патувањето ти е страст?

patuvaj-i-bidi-lider-1

Честопати потсвесно можеме да ја лоцираме желбата за искусување на нешто токму поинакво и несекојдневно, надвор од дострелите на нашата култура и начин на живеење. Ваквите амбиции се приоритет на најголемата светска студентска платформа АИЕСЕК која постои од и за успесите на студентите со лидерски предиспозиции. Имено, АИЕСЕК овозможува 2 вида на пракси: професионална и волонтерска.

Професионалната пракса (GIP) се однесува за профили на студенти кои се во завршната фаза од студирањето или пак дипломирале и истата им овозможува да аплицираат за практиканско место (од нивната област) во странство при реномирани светски компании. Широкиот спектар на избор, потенцијално високите приходи, работното искуство од сопствената професија  и допирот со светското културно поле е она на што ниту еден млад и амбициозен лидер не би требало да одолее. Временската рамка за искористување на ваквата опција е од 2-18 месеци.

Волонтерска пракса (GCDP) претставува исклучителна моралност за сите оние студенти (во било која фаза од студирањето) кои се жедни за доживување на други општества и искористување на полезностите кои ги нуди патувањето и престојот во поинаква културна средина.

patuvaj-i-bidi-lider-2

Она што треба да се има на ум при аплицирање за ова искуство во период од 6-12 недели е дека за интересните и специфични волонтерски аранжмани преку АИЕСЕК не постои финансиски надомест, но најчесто обезбеден престој и храна. Непроценливата предност и добивка се состои исклучиво во ширењето на погледите и познанствата што во голем дел го формираат ликот на еден релевантен лидер.

За дополнителни информации од областа на функционирањето на АИЕСЕК посетете ја канцеларијата на АИЕСЕК на Eкономскиот факултет при Универзитетот  “св. Кирил и Методиј”- Скопје, како и:

http://aiesecskopje.org.mk/index.html

https://www.facebook.com/AIESECSkopje

Линк за апликација: http://aiesecskopje.org.mk/internship.html

Би можело да ве интересира:

4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Шеф од Хрватска ангажирал приватен детектив да ја следи вработената дали навистина е на боледување Вработена во Хрватска побарала денови од одмор, шефот не ѝ одобрил. Земала болед...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
10 бон-тон грешки заради кои не напредувате во кариерата, низ илустрации Не ги критикувајте и не ги озборувајте колегите, внимавајте како комуницирате......

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg