Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Некои работи што не смеете да ги правите после работа

Крајот на работното време е почеток на времето кое може да им го посветите на семејството, пријателите или на себе.

nekoi-raboti-sto-ne-smeete-da-gi-pravite-posle-rabota-01

За да бидете сигурни дека тоа време го поминувате квалитетно, потребно е да ги избегнувате следните работи:

1. Не продолжувајте со работата дома

Ако работите до 5 часот попладне, тогаш точно во 5 исклучете го компјутерот. Ако знаете да се занесете во работата, наместете аларм точно кога треба да си одите и почитувајте го.

Работата ќе ја довршите следниот ден, нема потреба да ја истрошите сета енергија и концентрација во еден ден.

nekoi-raboti-sto-ne-smeete-da-gi-pravite-posle-rabota-1

2. Не одете дома после работа

Понекогаш ни е прилично тешко тукутака да ги исклучиме милите од работата. За да бидете сигурни дека нема да дојдете дома со полна глава од она што сте го работеле или уште полошо, она што не сте стигнале да го завршите бидејќи сте морале да си заминете точно на време, тогаш најдобро е да смислите некој ритуал после работа.

Може да отидете на кафе со пријателите, до продавница или да прочитате едно поглавје од вашата омилена книга. Така ќе ги оттргнете мислите од работата и ќе си го одморите мозокот.

nekoi-raboti-sto-ne-smeete-da-gi-pravite-posle-rabota-2

3. Работата не е изговор за лошото однесување

Тоа што сте имале лош ден на работното место, не значи дека имате изговор за да се затворите дома и да изедете цела торта или да отидете во кафеана и да се опиете со пријателите.

Колку и да ви е лош денот, ако го направите тоа, следниот ден ќе ви биде многу полош. Вежбајте ја самоконтролата и ограничете ги своите пороци.

nekoi-raboti-sto-ne-smeete-da-gi-pravite-posle-rabota-3

4. Не ги носете панталоните цел ден

Ова е едноставно. Цел ден сте биле стегнати во неудобни панталони или фармерки, сега е време да се пресоблечете во удобна тренерка и слободно да уживате.

nekoi-raboti-sto-ne-smeete-da-gi-pravite-posle-rabota-4

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Знаци дека е време да си дадете отказ (и да најдете нова работа) Едвај станувате наутро и воопшто не можете да се замислите на истата позиција во...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Најдобрите менаџери водат со пример (работат рамо до рамо со вработените) Голем дел од незадоволството на работното место треба да им се припише на менаџе...
6 тајни за вашата работа, кои шефот не сака да ги знаете (а треба) Надредените знаат многу за вашата онлајн активност на компјутерот на работа, има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg