6 Новогодишни работни одлуки за жени

Со оглед на тоа што бројот на жени на водечки позиции сè повеќе расте, тие се изложени и на сè поголеми притисоци. За да си го олесните времето на работното место, може да примените некои совети и да донесете 6 новогодишни одлуки.

6-novogodisni-rabotni-odluki-za-zeni-01

1.Прашајте тоа што ве интересира

Според истражувањето во кое учествувале 1000 жени, најголемата фрустрација со која се соочуваат жените на работното место е дека не се доволно платени. Сепак, само една од четири жени побарала покачување во текот на претходната година. Ако сакате промена во оваа година, побарајте ја. Според истото истражување, покачување добиле 75 отсто од жените кои побарале.

2. Не се плашете да бидете „кучка“

Не е лесно да се биде шеф, ако сте жена. За да успеете, мора да бидете поинакви, исклучителни и не премногу емотивни. Не дозволувајте да ве совладаат емоциите. Носете паметни одлуки, држете се до своите задачи и работете ја работата за која сте платени без никакво извинување.

3. Немојте да бидете насилни

Оние кои се насилни на работното место мислат дека на тој начин ќе го обезбедат своето место. Но, истражувањата покажуваат дека оние кои се менторски настроени се поуспешни во својата професија од другите. Свесни се за својата моќ и ограничувањата и покрај сè се среќни. Потрудете се да бидете подобар шеф оваа година.

4. Преземете ги заслугите

Жените многу повеќе од мажите избегнуваат да ги преземаат заслугите за нешто. Престанете со тоа. Прифатете ги заслугите за трудот кој сте го вложиле и бидете самоуверени. Убавото зборување за себе го подобрува расположението исто колку и добрата храна или добрата плата.

5. Престанете да се извинувате

Жените повеќе од мажите се плашат од амбиции и успех, иако често не се свесни за тоа. Се плашат дека не заслужуваат унапредување или покачување на платата, а стравуваат и дека успехот ќе ги одвои од пријателите или партнерот, па затоа не го бараат она што го сакаат. Но, не треба никому да се извинувате затоа што ги остварувате своите цели, бидејќи работното задоволство ви е еднакво важно како и личното.

6. Одете дома на вечера

Ако не заради своето семејство, тогаш поради својата кариера. Истражувањето покажало дека жените кои остануваат на работа 50 часа неделно и подолго, не само што не напредуваат на професионален план, туку дури и назадуваат. Затоа дајте си простор и време за повеќе размислување, одмор и енергија.

Би можело да ве интересира:

Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg