Како вие би одговориле: Ова се најчудните прашања поставени на интервју за работа

Кога одите на интервју за работа веројатно очекувате прашања од типот на „кои се вашите таленти, а кои се вашите маани?“ или можеби „каде се гледате себеси за 5 до 10 години?“ Но, што кога работодавачот ќе ве изненади?

kako-vie-bi-odgovorile-ova-se-najcudnite-prasanja-postaveni-na-intervju-za-rabota-01

Подобро е да се подготвите за да не останете изненадени ако на пример некој ве праша „зошто тениските топчиња се рапави?“ Ова прашање го добил кандидат кој аплицирал за менаџер во компанијата Xerox.

Еве уште неколку чудни прашања за кои вреди да бидете подготвени:

1. Дали сте собирач или ловец? (прашање за книговодител во Dell)

2. Кога би тргнале на пуст остров и смеете да понесете само 3 работи, што би земале со себе? (прашање од интервју за работа во Yahoo)

3. Да сте кутија со снегулки, во што би сакале да се претворите и зошто? (прашање во една компанија која произведува мебел)

4. Кога би приредиле забава во нашата компанија, каква забава би била тоа?

5. Како работи интернетот? (прашање за директор во фирма која се занимава со информациона технологија)

6. Која боја се парите?

7. Кога би настапувале во шоуто „Јас имам талент“ што би отпеале? (прашање за организатор на музички фестивали)

Како вие би одговориле на овие прашања?

Имајте на ум дека понекогаш работодавачот сака само да види на кој начин размислувате, па наместо да се борите со точен одговор започнете да ја раскажувате постапката со која ќе дојдете до него.

Земете воздух и добро сконцентрирајте се. Најлошо нешто што може да ви се случи е да поставите потпрашање кое ќе ви даде време дополнително да размислите.

Споделете со нас во коментарите.

kako-vie-bi-odgovorile-ova-se-najcudnite-prasanja-postaveni-na-intervju-za-rabota-02

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg