Не заборавајте што сте ветиле, организирајте се!

Во време на стресно живеење и обврски кои секој ден сè повеќе натежнуваат околу нас, заборавањето на работите е можеби и нормална работа.

ne-zaboravajte-sto-ste-vetile-organizirajte-se-01

Но, работата е дека сè повеќе и повеќе луѓето околу нас се „вадат“ на тој момент и дозволуваат сè почесто да забораваат на работи кои треба да ги извршат.

На заборавањето влијаат многу фактори, но речиси сите се поврзани со вас и зависат само од вас. Тука, би сакал со вас да споделам неколку работи кои би ви помогнале да намалите да заборавате, да го исполните она што сте го ветиле.

Одмор – имајте време за одмор, затоа што само одморен мозок може да памти многу работи.

Подобра организација – пробајте да одвоите време за ваша подобра организација и приоретизирање на работите.

Потсетници – користете потсетници. Тие може да бидат од обично ливче, преку мобилен телефон, до потсетник во компјутер.

Одложување на работите – извршувајте ги работите на време и што порано. Немојте да ги одложувате.

Споделување – замолете ги луѓето околу вас или тие директно инволвирани во работата, да ве потсетат.

ДА – немојте веднаш да кажувате ДА. Размислете дали имате време за да ја извршите работата и потоа кажете ДА.

Одредено место – имајте одредено место каде што ќе ги оставате работите што треба да ве потсетат (фрижидер, работна маса итн.) од каде што може лесно да се потсетите - што треба да направите.

Приоретизирање – имајте начин на приоретизирање на работите. Тоа ќе ви помогне да не ги одложувате работите на кои треба да им дадете важност. Но, немојте ова да ви овозможи тие работи што за вас не се толку важни, со тек на време воопшто да не бидат реализирани и извршени.

Извинување – имајте доблест да се извините на соодветната личност дека сте заборавиле да го направите она за што сте се договориле.

ne-zaboravajte-sto-ste-vetile-organizirajte-se-1

Секако дека има многу други работи кои може да ви помогнат да го намалите моментот на заборавање за извршување на работите. Многу важна работа, околу заборавањето е да сте свесни дека тоа го правите и да прифатите дека треба нешто да промените. Откако тоа ќе го прифатите, сте направиле голем чекор.

Со успех во промените

Калин Бабушку
Член на тимот

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg