15 Начини на кои несвесно си ја уништувате кариерата

Ја сакате ли вашата работа? Тогаш преземете некои чекори за да ги тргнете оние ситни лоши навики кои ја уништуваат вашата кариера.15-nacini-na-koi-nesvesno-si-ja-unistuvate-karierata-1

Правете разлика помеѓу големите грешки кои веднаш може да резултираат со отпуштање и лоша репутација и оние ситни грешки кои ве спречуваат да напредувате во професијата.

Овие 15 работи можеби ги правите несвесно, но тие полека и сигурно ја уништуваат вашата репутација и напредок:

1. Адаптација на работното место

Секое работно место има свои социјални обичаи. Некои вработени имаат навика да излегуваат ноќта кога ќе ја земат платата, други заеднички ги користат паузите за ручек, а доколку вие секогаш стоите настрана од такви активности на останатите тоа им изгледа како еден вид непочитување. Најважно од сè е да формирате позитивни врски со останатите во канцеларијата.

2. Изговори

Досега никогаш не сте застанале цврсто зад своите одлуки и штом се појави некоја грешка, случена по ваша вина вие смислувате изговори. Овие изговори прават лоша слика за вас пред вашиот работодавец.

3. Не се трудите

Едвај го давате својот минимум на работното место, што алармира на мрзелива личност, иако можеби вие воопшто не сте такви. Ако си ја сакате работата, морате да дадете се од себе и да покажете квалитетна работна сила. Докажете им на останатите дека вам ви е грижа за иднината на компанијата и само така можете да очекувате напредок.

4. Не исполнувате до крај

Сте ветиле дека некому ќе ја завршите работата, но сепак не успевате да го испланирате добро времето и не ја завршувате. Имате две опции или одбијте ја дополнителната работа, но на тој начин нема да доживеете голем напредок. Или пак, добро испланирајте го времето и кога ви е потребно барајте помош. Во спротивно ќе добиете етиката на неодговорна личност, која не посакувате да ја имате, барем не на работното место.

5. Облеката

Можеби не обрнувате внимание на вашата облека, но почнете да го правите тоа. Облекувајте се репрезентативно и на тој начин ќе стекнете авторитет во однос на другите. Не сте свесни колку начинот на облекување влијае на работното место.

6. Песимист

Никој не сака песимист во својот тим. Па, започнете да гледате малку и розово на работите, дури и тогаш кога никој не ги гледа така. Сите сакаат позитивни и ведри личности кои со својата енергија ќе ги поттикнат другите да работат.15-nacini-na-koi-nesvesno-si-ja-unistuvate-karierata-2

7. Игнорирање

Формирање на пријатели во работното место е важна исто колку и културната социјализација. Ако сте од оние кои кога ќе им се каже „Добро утро” не одговараат и ги игнорираат колегите, веднаш променете го вашиот став.

8. Одбивате критика

Вашиот работодавец не очекува вие да бидете совршени, но кога ќе ви даде критика вие морате да ја почитувате и колку што можете повеќе да ја примените и да се подобрите. Работодавците даваат критика со цел вие да бидете се подобар вработен.

9. Секогаш доцните со проектите

Почнувате да работите на проект во последниот краен рок, што често доведува до многу грешки и недоволно квалитетно завршена работна задача. Зошто да се изложувате на стрес, кога можете да ги започнете работите со време?

10. E-пошта

Во однос на пораките, секогаш бидете внимателни на начинот на кој одговарате. Во секој случај реагирајте брзо, никој не сака да чека предолго за одговор . Одговорите нека ви бидат долги, разбирливи, читливи и јасни. Станува збор за пишан материјал, кој секој може да го протолкува на различен начин, па дури и во негативна смисла.

11. Немате значаен придонес

Ако сакате да напредувате во вашето работно место и да имате значајна улога, тогаш имајте придонес. Штом чуете дека се подготвува состанок, смислете однапред што можете да кажете на истиот за да придонесете со својата креативност.

12. Доцнење на работа

Никој не сака во својата компанија да има некој кој вечно доцни на своето работно место. Особено, оние кои користат подолга пауза и наместо после 30-тина минути се враќаат назад по еден час. Ако ви е важна кариерата, заборавете на оваа лоша навика.

13. Премногу зборување

Одлично е да бидете пријатели со соработниците, но не морате да им го раскажувате во детали својот живот, барем не на работното место. Тоа можете да го правите по завршувањето на работниот ден.

14. Игнорирање на мејлови

Исто како што треба да бидете претпазливи кога станува збор за одговарање на мејлови, треба да внимавате и на тоа што и кои мејлови ги игнорирате. Потрудете се секој мејл да добие соодветен одговор.

15. Не бидете безобразни

Основно правило и клуч за успех на работното место е да бидете љубезни и да помогнете кому можете и не чекајте ништо за возврат.

Токму овие правила се рецепт за унапредување на работното место.

 Колку од нив применувате?

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg