10 Работи кои вреди да ги правите за време на паузата за појадок

Можеби ви се чини полесно и поедноставно да останете целиот ден затворени во канцеларија, но вашиот работен ден ќе биде многу поефективен ако направите некои од овие 10 работи.

10-raboti-koi-vredi-da-gi-pravite-za-vreme-na-pauzata-za-pojadok-1

Чувствувајте се освежено, релаксирано и намалете си го стресот со тоа што ќе одвоите 30 минути од работниот ден правејќи нешто поинакво од досега.

Можеби овие 10 работи ќе ви изгледаат како ситници, но токму тие го прават животот поедноставен:

1. Отидете во најблискиот парк

Повлечете се од гужвата и најдете свој  мал мир во најблискиот парк. Направете некои кратки вежби за истегнување, а особено посветете му внимание на вратот и одморете ги очите во зеленилото пред вас.

2. Вежбајте јога

Јогата е совршена активност, можете да ја правите кога било и каде било. Пронајдете слободен простор и опуштете го телото. Со помош на оваа активност, вашиот стрес ќе се намали, а вие ќе бидете свежи и подготвени да се спротивставите на работните задачи до остатокот од денот.  

3. Читајте книга, весник, списание...

Што било, но тоа што ќе го одберете нека биде на лист хартија, а не на екранот од вашиот паметен телефон или таблет. Одморете ги очите и не мислете на ништо, туку седнете и уживајте.

455a75348bf9d0249fa164daa982e7f2

4. Забавувајте се

Најголемиот дел од денот го поминувате токму со колегите, а кога последен пат сте зборувале со нив на некоја општа тема? Зборувајте и забавувајте се со останатите луѓе од вашето работно опкружување, изградете добри односи и така ќе бидете повеќе релаксирани додека сте на работа.

5. Јавете се на најсаканите

За време на паузата, побарајте ги вашите родители или некои други блиски роднини. Разговорот со луѓето кои ви се блиски ќе ве расположи и разведри, а особено ако не се гледате и слушате често.

6. Ајде на шопинг...

Зошто да не? Отидете и потрошете некој денар за себе или за вашите сакани. Со ограничено време, вашите трошоци ќе бидат ограничени, а сепак ќе ве направат посреќни.

10-raboti-koi-vredi-da-gi-pravite-za-vreme-na-pauzata-za-pojadok-3

7. Енергетска, попладневна дремка

Ако ви е потребно освежување и сметате дека не сте доволно наспани, не мачете се со кафе. Потребно ви е сон, а кратката дремка од половина час ќе ви даде енергија која ќе ве држи до крајот на работниот ден.

8. Не заборавајте на храната

Можеби ви се чини очигледно, бидејќи станува збор за пауза која често се користи за појадок, но некогаш кога сме премногу зафатени се случува да заборавиме на храната. Не пропуштајте да каснете нешто на брзина, без разлика колку работа и да имате...

9. Доза на љубов

Ако вие и вашиот партнер работите во близина најдете се во некое кафуле за време на паузата. Прегратките и бакнежите не штетат никому, а се одлични за разубавување на денот и ослободување од стресот.

10-raboti-koi-vredi-da-gi-pravite-za-vreme-na-pauzata-za-pojadok-4

10. Мала прошетка

Целиот ден ви поминува во седење, а ова е уште една работа која можете да ја направите за време на паузата за да се чувствувате одморено и свежо. Ако вашата пауза е во времетраење од 30 минути, распоредете го времето и барем 15 минути поминете во кратка прошетка. 

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg