Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 знаци дека сте на вистинското работно место

Затоа што понекогаш не знаеме да препознаеме дали ја работиме работата која ја сакаме, оваа листа ќе ви помогне во таа дилема.

10-znaci-deka-ste-na-vistinskoto-rabotno-mesto-01.jpg

Ако не се пронајдете во барем 5 од овие 10 потточки, веројатно е време да побарате нова можност и ново работно место.

1. Се будите со ентузијазам - Ако ја сакате својата работа, наутро ќе се будите полни со енергија и ентузијазам за новиот почеток на денот.

2. Се радувате на предизвиците - Се што ќе ви донесе новиот ден го прифаќате со задоволство и се впуштате во новите задачи.

3. Среќни сте - Постојат луѓе кои штом зачекорат во канцеларијата, таа се исполнува со позитивна енергија. Дали вие сте такви?

4. Времето ви лета - Ако имате впечаток дека времето брзо ви поминува и за разлика од другите ретко погледнувате во часовникот, бидете сигурни дека сте на вистинското работно место.

5. Сакате да поминувате време на работа - Семејството и пријателите можеби не ве разбираат, но вие сакате да бидете во канцеларија. Најдобро се чувствувате кога работите...

6. Нестрпливо ги чекате новите проекти - И за промена, не се натпреварувате со другите додека ги извршувате.

7. Оптимисти сте - Ако роковите се близу, сигурно сите колеги се нервозни. Сепак, изгледа само вие знаете како да ги расположите и да ги убедите дека се ќе биде во ред.

8. Целите на компанијата ги гледате како лични - Добар знак е ако постигнувањето на целите ви е задоволство. Тоа ќе ве исполни и на личен план.

9. Секогаш стоите на располагање - Додека некои колеги се зафатени и недостапни, вие секогаш сте задоволни со тоа што можете да помогнете во секој момент.

10. Позитивата се шири и на приватен живот - Луѓето кои ја сакаат својата работа имаат исполнет живот и надвор од неа.

Во колку се пронајдовте?

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Знаци дека е време да си дадете отказ (и да најдете нова работа) Едвај станувате наутро и воопшто не можете да се замислите на истата позиција во...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
6 тајни за вашата работа, кои шефот не сака да ги знаете (а треба) Надредените знаат многу за вашата онлајн активност на компјутерот на работа, има...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg