На почеток на работниот ден...

Првиот час на на работа укажува на тоа како ќе ви изгледа остатокот од вашиот ден. Првите часови од работниот ден можат да ви обезбедат лесен и продуктивен работен ден.

na-pocetok-na-rabotniot-den-01

Постојат некои работи кои треба да ви преминат во навика за поубав почетокот на денот:

1. Поздравете се со сите

Можеби ви се чини моментално непотребно, но тоа ќе ви даде позитивен старт на почеток од денот.

 Без оглед на тоа со кого се поздравувате, топлото „добро утро“ и едноставното ракување или бакнеж ќе ја воспостават пријателската атмосфера.


2. Стратегија и приоритети

Мора да имате идеја или цел и план пред вас. Тоа лесно ќе го направите, ако си го поставите прашањето: „Која е мојата цел денес?“ Направете список на клучните работи.


3. Проверете го календарот

Отворете го роковникот, прегледајте ги датумите со обврски кои ви следуваат за да имате продуктивен ден. Така ќе бидете мирни и ќе знаете точно каде треба да ја насочите енергијата.


4. Без непотребни аргументи

Заборавете на сè она што имате да им го кажете на колегите или претпоствените, барем во првиот час. Концентрирајте се на работата, а останатото оставете го за подоцна.

na-pocetok-na-rabotniot-den-1

5. Проверете ги мејловите

Одговарајте постапно, размислувајте добро и не ги заборавајте.


6. Размислувајте

Мозокот најбрзо работи наутро и тогаш впива најголем број информации. Искористере го. Сите работи кои бараат поголема концентрација на мозокот, направете ги наутро.


7. Избегнете ги сите пречки

Првиот час најчесто се троши на кафиња и разговори со колегите. Ако сакате да имате продуктивен ден, тогаш мора да се откажете од ова утринско задоволство и да ја фатите концентрацијата наврме.


8. Опуштете се

На крајот, опуштете се. Пред да почнете со работа, одвојте 5 до 10 минути само за себе. Опуштете се и размислувајте за сè, освен за работата. После овие 10 минути многу поконцентрирано ќе ја завршувате работата.

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg