Прочитајте ги колегите: Како утринските работни навики го откриваат карактерот?

Однесувањето на работното место, изгледот на работното биро, организирањето на работното време се само дел од навиките кои лесно ги откриваат и најскриените чувства, но и карактеристиките на колегите.

procitajte-gi-kolegite-kako-utrinskite-rabotni-naviki-go-otkrivaat-karakterot-001.jpg

Прочитајте ја личноста на вашите колеги низ овие неколку работни навики, но откријте и што тие може да дознаат за вас.

Работно биро

Доколку на работната маса се наоѓаат семејни фотографии, тогаш се работи за личност во која можете да имате доверба.

Ако на работната маса се наоѓаат исклучиво предмети потребни за работа, тоа значи дека се работи за личност која ништо не може да ја изненади.

Спротивно на тоа, ако бирото е преполно со лични предмети, тоа открива личност која сè завршува во последен момент.


Мејл

Кога се работи за електронското сандаче, ажурираните и прочитаните мејлови се одлика на колега на кој можете да се потпрете.

Спротивно на тоа, неорганизираниот мејл е знак дека личноста сака да извршува повеќе работи истовремено.


Ужина

Колегите кои за ужина јадат чоколадо, значи дека не размислуваат премногу за последиците. Ако се определат за овошје, тие се личности кои сакаат да пронајдат решение за секој проблем.


Пауза

Колегите кои за време на паузата одат на кафе со пријателите или колегите, се личности кои сакаат да црпат енергија и инспирација од луѓето околу нив.

Лицата кои завршуваат приватни работи за време на паузите, најчесто се оние со превисоко поставени цели.

Ако сепак имате колеги кои постојано остануваат во канцеларијата, тогаш се работи за личности кои сакаат да си земаат голем број на обврски, а не можат да постигнат да ги завршат.


Утринско кафе

Колегите кои го испиваат утринското кафе на пат кон работа, сакаат да имаат повеќе време за обврските кои ги очекуваат.

Оние кои го пијат првото кафе во домашни услови се лицата кои уживаат во сопствениот мир и простор, додека оние кои го пијат првото кафе во канцеларија, обожаваат да се дружат и да бидат во центарот на вниманието.

Какви се вашите утрински навики во канцеларија?

Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg