Доверба – потребни се 100 чекори за да се изгради и само еден за да се сруши

Потребни се сто добри работи за да стекнеме доверба, но само една лоша за да ја изгубиме“ - Зага (мојата класна од основно училиште)

doverba-potrebni-se-100-cekori-za-da-se-izgradi-i-samo-eden-za-da-se-srusi-01

Довербата е најважен дел во меѓусебните односи на луѓето. Жално е што иако сме свесни за ова, довербата во односите меѓу луѓето е на толку климави нозе што секоја комуникација започнува со недоверба.

Безброј пати ви се случило да започнете разговор со некого, а соговорникот да ве гледа со недоверба.

Повеќе пати ќе испратите некоја понуда за соработка и оваа понуда ја гледаат со недоверба. Некогаш ќе се пофалите за некоја добро завршена работа, а луѓето веднаш ве гледаат со недоверба и ве критикуваат. Недовербата е на сите страни.

И сето тоа само се продлабочува и се продлабочува и никој нема намера да се мрдне од таа мртва точка, туку баш напротив, сите ја прифаќаат како појдовна точка во секоја комуникација. Започнуваме со недоверба. Започнуваме со негативно.

Затоа, еве ви неколку совети како да ја повратите довербата кај луѓето и како со доверба да гледате на работите:

Правете го она што го кажувате – не ги оставајте работите само на зборови. Може да почнете со тоа што ќе кажувате работи коишто навистина можете да ги исполните, па макар тие биле мали и ситни. Од мали работи се гради довербата!

Стоjте зад своите ветувања – немојте да ветувате само поради тоа што така прават другите или за да го завршите разговорот побрзо. Луѓето се потпираат на тоа што сте го ветиле и очекуваат дека ќе го исполните. Ако не го исполните, признајте си дека грешката е ваша и немојте да обвинувате други.

Кажувајте ја вистината – немојте да имате скриени агенди. Кажувајте им на луѓето дека ја зборувате вистината.

Немојте да користите „бели“ лаги - нема бела или црна лага - има лага! За жал, многу од нас се вадиме на овие обоени лаги, а всушност лажеме.

Бидете отворени – во комуникација, во однос, во давање, во земање.. . Уште во самиот старт на комуникацијата отворете ги картите и немојте да се плашите од соговорникот. Проблемот е што ние не сме подготвени да бидеме отворени и затоа сите разговори и преговори започнуваат многу затворено и траат ли траат и сè до еден момент додека некој не се „отвори“...и што? Само поминало многу време, а на крајот сите се отвораат.

doverba-potrebni-se-100-cekori-za-da-se-izgradi-i-samo-eden-za-da-se-srusi-1.jpg

Чувајте ги тајните за вас – ако некој ви довери некоја тајна, немојте да ја пренесувате. Таа личност сака да сподели нешто со вас и тоа не ви дава за право да го пренесувате понатаму! Ниту на најголемиот непријател немојте да му го правите тоа, а да не зборуваме за дома, на работа, со пријателите, со партнерите.

Озборување - Немојте да озборувате други луѓе, настани или ситуации пред непознати, па и познати луѓе. Ако тоа го правите пред мене, зашто да не помислам дека тоа го правите и за мене, пред други луѓе?

Лојалност – со ова го покажувате вашиот капацитет да ги заштитите другите (колеги, другари, партнери) како и дека сте од иста страна како кога се со вас, но и кога не се во ваше присуство.

Не ги повторувате истите грешки – ако довербата кај некого ви е нарушена поради некоја работа која сте ја направиле, немојте да ја повторувате кај никого и никаде.

Како што можете да видите, има многу работи како да ја повратите довербата или како да почнеме со доверба да ги гледаме работите, но најважно е навистина сите да почнете со доверба и позитивно да гледате на работите.

Со успех во промените,
Калин Бабушку
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
www.macedonia-consulting.com
www.macedonia-export.com

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg