10 работи кои ги научив додека работев за двајца милијардери

Пол Карик Брансон е успешен бизнисмен и водител на емисијата „Mentor Monday“, кој претходно работел за Опара Винфри и Енвер Јусел.

10-raboti-koi-gi-nauciv-dodeka-rabotev-za-dvajca-milijarderi-01

Тогаш имал прилика да види како функционираат и како постапуваат милијардерите како нив во некои ситуации.

Истакнува дека двајцата се тотално различни, но на патот до успехот имаат некои универзални заеднички работи:

1.Вложувајте во себе

Секогаш учете нешто плус, шповрзувајте се со други, усовршувајте се. Ако запрете, ќе почнете да назадувате.

2. Бидете љубопитни

 Секогаш истражувајте и откривајте нешто ново. Без разлика за која област се работи, бидете љубопитни и информирани.

3. Опкружете се со „подобри“ луѓе

Од оние кои се подобри секогаш можете и повеќе да научите за да ги надминете.

4. Никогаш не јадете сами

Важно е со кого ќе ја направите паузата за јадење. Во секој момент може да добиете некоја нова информација.

5. Преземете одговорност за своите грешки

Ако згрешите, признајте и преземете ја одговорноста за да ја поправите грешката. Само така може да оставите добар пример и да се покажете во вистинско светло.

10-raboti-koi-gi-nauciv-dodeka-rabotev-za-dvajca-milijarderi-1.jpg

6. Сфатете ја силата на помошниците

Треба да знаете и да бидете свесни дека не сте семоќни. Вашиот успех зависи и од успешноста на оние кои ви помагаат.

7. Не земајте слободни денови

Никогаш не се оддалечувајте целосно и психички од работата. Забавувајте се, одморете се но размислувајте за новите идеи и планови.

8. Концентрирајте се на односот меѓу искуството и материјалното богатство

Мора да ви бидат избалансирани работите ако сакате да имате ред во она што го добивате. Во ништо не треба да се претерува, а ќе имате повеќе од доволно.

9. Ризикувајте на големо

Многу е важно да имате храброст да ризикувате. Во тоа се разликуваат богатите од просечните. Важен е ризикот да се обидете, да изгубите, па да успеете.

10. Не се обидувајте ништо сами

Тимската работа е многу важна. Само така може да бидете сигурни дека секој ќе го заврши својот дел најдобро што може, а тоа ќе значи заеднички голем успех.

Би можело да ве интересира:

Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg