Никогаш не дипломирал, а заработува по 40.000 долари дури и кога спие

Навид Мозес е Швеѓанин кој мислел дека ќе стане адвокат откако се запишал на правниот факултет, но неговиот животен пат го однел во сосема друга насока.

nikogas-ne-diplomiral-a-zarabotuva-po-40000-dolari-duri-i-koga-spie-01

Го напуштил факултетот и почнал приватен онлајн бизнис кои денес му носи неверојатна заработка.

Додека студирал, сфатил дека не сака еден ден да заврши врзан на работно биро во канцеларија по цел ден, затоа решил да направи нешто поинакво.

Читајќи многу мотивациони бизнис книги, знаел дека треба некако да се впушти во онлајн бизнисот каде ќе ги споделува своите искуства.

Најпрво почнал да ги раскажува своите патувања, а како се зголемувала неговата гледаност, така добивал инспирација за нови теми.

Особено го инспирирале луѓето со нетрадиционална кариера, кои успеале да постигнат нешто во животот.

Она што го водело како мото бил цитатот на Зига Зиглар: „Во животот можеш да добиеш сè ако помогнеш на доволен број луѓе за тие да го добијат она што го сакаат“.

Во 2014-та година направил редизајн на неговата страница, а подоцна додал и подкаст „Архитекти на животнот стил“.

nikogas-ne-diplomiral-a-zarabotuva-po-40000-dolari-duri-i-koga-spie-1.jpg

Правел интервјуа со фантастични луѓе кои имале инспиративни и богати кариери и приказни.

Луѓето почнувале сè повеќе да се интересираат и да сакаат да ги слушаат другите. Така му надоаѓале идеи за сето тоа да го проширува и да почне да го наплаќа.

Сите средби ги изведувал виртуелно, луѓето плаќале за да можат да ги гледаат неговите видеа и интервјуата кои ги правел, а постепено ја заголемувал цената, им давал бонус пакети и луѓето едноставно биле навлечени на сето тоа.

На почетокот, со пола работно време работел во банка, но откако почнал да заработува многу повеќе и да има многу повеќе обврски и работа, решил и од таму да даде отказ.

Откако заработил околу 20.000 долари Мозес решил да ги продаде повеќето свои работи и да се спакува во еден куфер со кој почнал да патува низ светот и истовремено да заработува.

Според него, неверојатно добро е чувството кога може да живее во Тајланд, да отиде до Мексико или да се сретне со пријатели во Америка.

Сè уште го води мислата дека треба да им помага на луѓето, а колку повеќе корисни информации им пружи, толку подобро и за него.

„Никогаш не е совршено време за почеток. Направете мал чекор денес, делувајте пред да бидете подготвени, нека биде жестока акција и едноставно направете го тоа“.  – порачува Мозес.

nikogas-ne-diplomiral-a-zarabotuva-po-40000-dolari-duri-i-koga-spie-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
10 бон-тон грешки заради кои не напредувате во кариерата, низ илустрации Не ги критикувајте и не ги озборувајте колегите, внимавајте како комуницирате......

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg