Сакате работа? Ако на интервјуто често ги изговарате овие зборови, веднаш ќе ве елиминираат

Потрагата по добра работа, но и добар работник, станува сè потешка. Како да бидете сигурни дека сте на вистинското место и не си го губите само времето? Како да го убедите и работодавачот дека вие сте вистинскиот човек за работата која ја нуди?

sakate-rabota-ako-na-intervjuto-cesto-gi-izgovarate-ovie-zborovi-vednas-ke-ve-eliminiraat-01.jpg

Стив Погорзелски, кој во изминативе 25 години разговарал со неколку стотици кандидати за работа, истакнува дека е многу важно да ги детектирате зборовите кои кандидатот ги користи.

Во продолжение ви ги откриваме прашањата кои може да ве вработат или елиминираат од „трката“, зависно како ќе одговорите.

1. Кој е вашиот најголем работен успех и зошто?

Ова прашање ќе го слушнете на речиси секое интервју за работа,  па затоа важно е да поработите на одговорот.

Кога го опишувате работниот успех многу е важно да го користите зборот „ние“. Што значи, кандидатот не смее да си го препише успехот само на себе, туку на тимот во кој работел.

„Начинот на кој некој човек објаснува како со заеднички сили е остварен добар резултат, открива дека се работи за личност која има лидерски потенцијал“, објаснува Погорзелски.


2. Кое е вашето најголемо работно промашување и зошто?

Ова прашање е поретко од претходното, но неговиот одговор е подеднакво значаен.

Овде е клучно кандидатот да одвои личен неуспех, односно да го користи зборот „јас“. На тој начин тој превзема одговорност, а не ја префрла вината на другите.

„Ако некој ми каже дека не успеал во нешто затоа што некој друг го саботирал или натерал, тоа е голем црвен картон“.


3. Како фирмата би можела да ја подобри работата? А, како вие би можеле да си ја извршувате работата многу подобро?

Ова прашање може сериозно да ви ја одреди иднината. Првенствено, се открива колку некој ја истражил фирмата во која аплицира. Затоа во одговорот важно е да го вметнете секој детаљ кој го знаете, а со кој ќе го натера работодавачот да мисли дека сте биле посветени и сте впиле огромен број информации во врска со работењето на компанијата.

На ова прашање не смеете да дадете само еден одговор, а тој гласи „ништо“, затоа што тој открива дека не сте подготвени да се натпреварувате за позицијата која ви е понудена.

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg