Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да напишете одлично мотивационо писмо?

Во време кога сè потешко се наоѓа посакуваната работа, многу е важно да знаеме да ги истакнеме своите квалитети и да бидеме конкурентни на пазарот на труд.

kako-da-napisete-odlicno-motivaciono-pismo-01.jpg

Освен CV-то кое е задолжително при аплицирање за работа, сè почесто се бара од кандидатите и мотивационо писмо. Мотивационото писмо ќе ве идентификува и ќе ве направи поразличен од другите.

Како во CV-то, така и во мотивационото писмо податоците треба да бидат точни и реални. Од друга страна, мотивационото писмо не нè ограничува како CV-то напротив, ни дава слобода на изразување и внесување на свој стил и искажување на своите цели во однос на работата.

Всушност сè она што „лебди“ во CV-то, во мотивационото писмо се дообјаснува.

Како да направите добро мотивационото писмо?

Пред да почнете да го пишувате мотивационото писмо, направете добра визија, што би работеле на тоа работно место, дали се пронаоѓате таму, кои се позитивните и негативните страни на работното место, како вие се гледате во таа компанија?

Со помош на вашата визија и вашите реални знаења и интереси вие веќе имате добар старт за пишување.

Следно, може да наведете некои информации за компанијата во која аплицирате, со цел да потврдите дека сте сериозно заинтересирани и истражувате за нив.

На тоа може да надоврзете како вие се замислувате на работното место и што би им понудиле. Споделете и некои идеи за работата, со што би покажале заинтересираност, ентузијазам и амбиција.

Додадете како вашето досегашно образование би било корисно за нивниот развој и какви се доедукации сте подготвени да посетите.

Покажете ја својата желба за работа и за знаење и тоа јасно и наметливо.

Користете зборови како што се “Јас”, “Сакам…” , “Можам…”, “Би можел…”, “Би се усовршил…”.

Истакнете ги своите позитивни страни и доблсти и прикриено ставете и некој ваш недостаток, за да оддадете впечаток дека станува збор за човек кој се познава себеси, свесен е за своите несовршености и би работел на тоа.

Пред да го испратите мотивационото писмо, препрочитајте го во улога на комисија и обидете се да го анализирате.

Така ќе се осигурате дека сте се поблиску до интервју.

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 хит мемиња во кои ќе се пронајде (апсолутно) секој вработен „’Киселата’ насмевка кога јас и моите колеги слушаме како шефот ни кажува колку ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените? Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Ило...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg