Како да останете енергични и мотивирани на работа додека мислите ви се на плажа?


Како да останете енергични и мотивирани на работа додека мислите ви се на плажа?

Навистина не е важно колку ја сакате и уживате во вашата работа. Секој во одреден период се чувствува летаргично на работното место, а ова е особено изразено за време на летниот период, кога температурите се високи, а бројноста на колегите проретчена. 

Kako-da-ostanete-energicni-i-motivirani-na-rabotnoto-mesto-dodeka-mislite-vi-se-na-plazza-01.jpg

Всушност, изгледа како сите да биле или се веќе заминати на одмор, а вие сте единствениот чувар на компанијата.

Уморни сте, денот изгледа неверојатно долг, а екстремните температури си го земаат данокот...

Неколку корисни совети како да останете енергични и мотивирани на работа, додека мислите ви летаат само на море, плажа и коктели:

Започнете го денот со вежбање

Навијте го алармот 30 минути порано, доколку сонцето веќе не успеало да ве разбуди. Посакајте му добро утро на денот со јога, неколку лесни кардио вежби по сопствен избор или џогирање во близината на домот. Ќе се изненадите колку многу повеќе енергија ќе имате во текот на денот.

kako-da-ostanete-energicni-i-motivirani-na-rabotnoto-mesto-dodeka-mislite-vi-se-na-plaza-1.jpg

Држете се подалеку од социјалните мрежи

Ќе ја завршите работата подобро и побрзо, а сите оние фотографии со луѓе по одмори кои ве демотивираат едноставно ќе бидат подалеку од вашите очи. Збогум Фејсбук, Твитер и Инстаграм, барем на кратко.

kako-da-ostanete-energicni-i-motivirani-na-rabotnoto-mesto-dodeka-mislite-vi-se-na-plaza-2.jpg

Јадете здрави и свежи ужинки

Грицки и чоколатца или свежо овошје, салата и зелено смути? Изборот и не е премногу тежок. Умот ќе ви биде побистар, а енергијата на солидно ниво. Не заборавајте да пиете многу вода.

kako-da-ostanete-energicni-i-motivirani-na-rabotnoto-mesto-dodeka-mislite-vi-se-na-plaza-3.jpg

Ставете си растение на работното биро

Едноставно – расположете се и подобрете ја атмосферата на работа со букет свежо цвеќе или некое саксиско растение.

kako-da-ostanete-energicni-i-motivirani-na-rabotnoto-mesto-dodeka-mislite-vi-se-na-plaza-4_copy.jpg

Пуштете си ја омилената музика

Ќе ви ја зголеми креативноста, ќе ви го подобри расположението и со омилената музика денот гарантирано ќе помине побрзо.

kako-da-ostanete-energicni-i-motivirani-na-rabotnoto-mesto-dodeka-mislite-vi-se-na-plaza-5.jpg

Дојдете со велосипед, наместо со автобус или автомобил на работа

Следуваат бројни бенефити како награда од возењето велосипед, а паузата може да ја исполните со уште една кратка прошетка до омилената дестинација за сладолед или свеж сок на чист воздух, во парк или омиленото кафуле.

kako-da-ostanete-energicni-i-motivirani-na-rabotnoto-mesto-dodeka-mislite-vi-se-na-plaza-6.jpg

Ручајте надвор

Без разлика дали си носите јадење од дома или планирате да јадете некаде надвор, ручекот поминете го на сонце или во пријатна сенка, бидејќи промената на општото опкружување секогаш делува позитивно.

kako-da-ostanete-energicni-i-motivirani-na-rabotnoto-mesto-dodeka-mislite-vi-se-na-plaza-7.jpg

Почестете се со десерт после работа

Заслуживте, сепак преживеавте топол летен ден заглавени во канцеларија. Еден нискокалоричен овошен сладолед нема да направи голема калориска разлика, но разликата ќе ја почувствувате во расположението.

kako-da-ostanete-energicni-i-motivirani-na-rabotnoto-mesto-dodeka-mislite-vi-se-na-plaza-8.jpg

Пијте доволно кафе

Кофеинот ќе го подигне нивото на енергијата и ќе се бори заедно со вас против дремката која ве напаѓа. Но, внимавајте на количината, не сакате да бидете хиперактивни, а потоа брзо да се преморите.

kako-da-ostanete-energicni-i-motivirani-na-rabotnoto-mesto-dodeka-mislite-vi-se-na-plaza-9.jpg

Истегнете се

Правете почести паузи и секогаш кога ќе имате можност добро истегнете се. Ќе ја подобрите циркулацијата, ќе ја спречите главоболката и ризикот од вкочанување на вратот од клима уредот во канцеларијата.

kako-da-ostanete-energicni-i-motivirani-na-rabotnoto-mesto-dodeka-mislite-vi-se-na-plaza-10.jpg

Насмејте се со вашите колеги

Мора да има барем една кутра душичка која е на работа заедно со вас, додека остатокот ужива на плажа. Споделете си ги маките и плановите за вашиот одмор со колешката и утешете се дека и вие наскоро ќе уживате, додека другите ќе работат.

kako-da-ostanete-energicni-i-motivirani-na-rabotnoto-mesto-dodeka-mislite-vi-se-na-plaza-11.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рамнотежата помеѓу работата и љубовта е невозможна мисија...или сепак не? Како вашата кариера да не ви ја уништува врската со личноста што ја сакате? Не м...
8 нешта за себе кои не е паметно да ги откривате пред колегите на работа Додека сте на работа, без разлика какви односи сте воспоставиле со дел од колеги...
Како да го организирате работниот ден за максимална продуктивност? Свесниот дел од вас веќе е навикнат на динамичните работни денови. Останува само...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg