Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што прават успешните луѓе секој ден?

Понекогаш изборот на вашата професија се заканува дека ќе ве проголта, додека неуморно се грижите секој ден да постигнете што поголем успех. Со ова темпо, батериите со сигурност ќе ви „изгорат“, а вам ви се заканува очај и умор.

Koja-rabota-ja-pravat-uspesnite-lugje-sekoj-den-01_copy.jpg

Постои една работа која професионално успешните луѓе ја прават секој ден за да не паднат во оваа замка, и е прилично едноставна: Тие наоѓаат време за себе.

Со самиот факт што ќе одвоите малку време за активности кои не се поврзани со работата, вие си давате можност да си го занимавате мозокот со нешта кои не се поврзани со рокови и одговорности. Воедно, ќе почувствувате како енергијата ви се обновува, батериите ви се полнат и ќе стигнете целосно освежени во канцеларијата, што резултира со поголема продуктивност.

Ви изгледа невозможно да пронајдете малку слободно време? Прво, назначете точно определен период од денот кога може да правите што сакате, без разлика дали е пред или после работа или пак задолжително за време на викендот.

Потоа, одлучете се како сакате да си го пополните времето за уживање. Можеби ќе вежбате, ќе читате некоја комплексна книга, ќе испробувате нови рецепти или ќе ги ставите на тест вашите вештини во некој проект од типот „Направи сам“.

Што и да одлучите, важно е активноста да ве исполнува.

За почеток, посветете минимум 3 дена во неделата во кои ќе си одвоите „време за себе“ и веднаш ќе почувствувате разлика и среќа. Вашиот ум ќе се избистри, подготвен за нови предизвици на работното место. 

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 најдобри совети на поле кариера (кои секој работник треба да ги примени) Појавувајте се рано – на работното место, на состанок, буквално секаде, така ќе ...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Знаци дека е време да си дадете отказ (и да најдете нова работа) Едвај станувате наутро и воопшто не можете да се замислите на истата позиција во...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
11 хит мемиња во кои ќе се пронајде (апсолутно) секој вработен „’Киселата’ насмевка кога јас и моите колеги слушаме како шефот ни кажува колку ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg