Како да заработувате шестцифрена плата во долари од блог?

Многу млади луѓе сонуваат да ја напуштат својата работа од 9 до 5 во канцеларија и да креираат блог, а еден претприемач открива како сонот може да се претвори во реалност со неколку совети.

kako-da-zarabotuvate-shestocifrena-plata-od-blog-01.jpg

Наташа Кротенеј-Смит верува дека младите мажи и жени можат да заработуваат шестцифрени плати од нивната страст и советува како луѓето можат да создадат успешен блог за 6 месеци (време кое смета дека е критично за тоа дали блогот ќе стане познат или не).

Авторката споделува лични сознанија за тоа како вашето хоби можете да го претворите во кариера од која ќе заработувате многу во нејзината книга „The Million Dollar Blog“.

kako-da-zarabotuvate-shestocifrena-plata-od-blog-1.jpg

Во нејзиното истражување претворено во книга таа открива дека меѓу 5-те најпосакувани работи се пишувањето, блогирањето и влогирањето, но само мал дел луѓе се навистина успешни во тоа.

Таа објаснува како може вашиот блог да го издвоите од „толпата“ обични блогови и да започнете да заработувате. Вели дека на блогот треба да гледате како на бизнис, а не како на работа која не можете да ја сфатите сериозно.

„Традиционално луѓето чекаат работите сами од себе да се случат, чекаат да бидат одбрани за работа, за напредување...“ - вели таа.

„Блогот на многумина им се чини како интересна работа, бидејќи можат да ја прават од дома, ама речиси никогаш не ја сфаќаат сериозно и токму заради тоа не успеваат“ - продолжува.

Покрај тоа што ги потенцира нејзините знаења, таа интервјуирала и неколку познати блогери кои заработуваат многу од своите блогови.

Кет Вилијамс која го води блогот „Rock n Roll Bride blog“ првично работела како продуцент на канал за продажба, а потоа во 2011 се откажала и го создала блогот заради кој денес заработува висока плата и ужива во работата.

kako-da-zarabotuvate-shestocifrena-plata-od-blog-2.jpg

32-годишната блогерка го започнала блогот моментот откако започнала да ја планира сопствената свадба.

„Работата е што секој може да започне блог, ама треба да најдете нешто што ќе ве одвојува од другите, да имате да кажете нешто што не било кажано претходно“ - вели Кет.

Блогерката Меделин Шо има 250.000 следбеници и над 300.000 посетители месечно, а заради својот блог успеа и да објави две книги за животен стил и здрава исхрана.

kako-da-zarabotuvate-shestocifrena-plata-od-blog-3.jpg

Блогот го започнала откако решила дека сака да гради кариера од делење совети за здрава исхрана.

„Работата е што кога почнав правев многу грешки како ставање погрешни фотографии и слики и печатни грешки, но работата е што можеш многу брзо да ги поправиш грешките и да продолжиш понатаму“ - вели оваа блогерка.

Уште една меѓу нив е и 32-годишната Коко Хамилтон која живее од „Coco&Co Ldn“, блог за мода и луксузно живеење.

kako-da-zarabotuvate-shestocifrena-plata-od-blog-4.jpg

„Сè започна благодарение на мојата љубов и опседнатост со познати модни брендови“ - вели таа.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg