Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Tипови на колеги кои никој не ги поднесува

Сите ние сме се сретнале со нив и понатаму ќе продолжиме да се сретнуваме.

4-tipovi-na-kolegi-koi-nikoj-ne-gi-podnesuva-01.jpg

Тоа се најчестите 4 типови на луѓе со кои се сретнуваме на работното место, а воопшто не ги трпиме.

Нападна личност

Колега кој бара многу, кој е нетолерантен, нетрпелив и нема слух за повратните информации. Решен е сè да оди според неговите желби и потреби. А, со оглед на тоа што ова однесување се смета за непочитување, сосема е нормално зошто доаѓа до конфликтни ситуации со овој тип на луѓе.

Негативна личност

Секогаш има објаснување зошто вашата идеја нема да успее, често се лути, ама на никого нема да му даде до знаење зошто се лути и ќе се жали на сè и сешто. Ставовите на оваа личност се негативни, бидејќи најчесто сакаат да избегнат грешки и работата да ја завршат одговорно. Меѓутоа, повеќето луѓе не сакаат да работат со овој тип на луѓе.

Личност којa пречи и прекинува

Гласно збори, како со вас, така и на телефон додека сите други работат. Зборува за работи кои воопшто не ги познава и знае да биде многу напорна. Понекогаш, овој тип на колега може да е и канцелариски насилник. А, повеќето луѓе сакаат да работата со личности кои имаат сосема спротивни карактеристики од оние на оваа личност.

Неодлучна личност

Овој тип на колега секогаш вели „Да“, но никогаш не успева да ги исполни очекувањата, бидејќи не може да одлучи што треба да прави навреме. Иако сака да се вклопи во околината, колегите обично нивното однесување го сметаат за иритирачко.

Што кога ќе го идентификувате проблематичното однесување?

Променете го начинот на кој размислувате

Луѓето ги прават работите, бидејќи сметаат дека ги прават со најдобри намери. На пример, напорниот колега, веројатно само се обидува да ве мотивира.

Прилагодете го вашиот став

Прифатете ги добрите намери и обидете се да дадете до знаење на личноста дека имате исти цели.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Знаци дека е време да си дадете отказ (и да најдете нова работа) Едвај станувате наутро и воопшто не можете да се замислите на истата позиција во...
Најдобрите менаџери водат со пример (работат рамо до рамо со вработените) Голем дел од незадоволството на работното место треба да им се припише на менаџе...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
5 типа на луѓе што најчесто може да бидат жртви на булинг на работното место (и зошто?) Луѓето што се жртви на булинг на работното место најчесто се врвни професионалци...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg